16 Декември, 2025
0.0576

Шест каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското Првенство во Јереван

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2025 10:36

Добивај вести на Viber

Главниот град на Ерменија, Јереван, од денес до 11 мај ќе биде домаќин на најдобрите континентални каратисти што ќе се натпреваруваат на Европскиот Шампионат. Дел од македонската репрезентација се и шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Во индивидуалните категории ќе учествуваат Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). Во екипна конкуренција ќе се натпреваруваат Викторија Јовановска и Данило Божовиќ.

Тренерот Петар Заборски, задолжен за тактичкиот дел на своите спортисти во текот на европското сениорско првенство, отпатува заедно со тимот на „Макпетрол“. На континенталниот шампионат во Ерменија ќе учествуваат најдобрите 500 спортисти од 50 држави. Ова е 60 издание на овој силен меѓународен собир и следува по тие во 2023 во Гвадалахара (Шпанија) и во Задар (Хрватска) во 2024 година. Турнирот ќе се одржи во Спортско-концертниот комплекс „Карен Демирчијан“.

Елиминациите во индивидуалните натпревари ќе се одржат во среда и во четврток, додека тие во екипна конкуренција се закажани за четврток и за петок. Борбите за бронзени медали и финалињата во поединечните категории се закажани за сабота. Во недела, пак, ќе се одржат мечевите за бронза и како и тие за злато во екипна конкуренција. На минатогодишното издание во Задар, Турција ја предводеше табелата освојувајќи 10 медали, меѓу кои три златни, а по оваа земја следуваа Германија и домаќинот Хрватска.

Сениорското карате првенство во Јереван е исклучително важно затоа што е и квалификациски настан за претстојниот Светскикарате-шампионат закажан за ноември во Каиро. Спортистите што во Ерменија ќе освојатзлатно, сребро, како и бронзените медалисти со највисок пласман, ќе добијат директен билет за глобалниот собир во Египет.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“