06 Октомври, 2024
0.0255

ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕРЗА: Акциите со најголем раст и најголем пад во 2015 та!

Објавено во: Економија 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во првите шест месеци од годинава на Македонската берза се истргувани  20  милиони евра, што е за 44,1 %  помалку од лани во истиот период кога на берзата се свртеле 37, 2 милиони евра. Во оваа сума се вклучени, класичното тргување, блок трансакции, јавни берзански аукции. Ако се анализира структурата на тргувањето ќе се види дека во периодот од јануари до јуни годинава, во класично тргување се свртеле 18,8 милиони евра, што е за 5,6% помалку од лани кога се свртеле 19,9 милиони евра. При тоа просечниот дневен промет во класичното тргување, годинава бил за 4% помал во споредба со лани истиот период. Односно, дневно во просек годинава се вртеле по 157 илјади евра, додека лани во истиот период се вртеле 164 илјади евра. Огромен пад има кај блок трансакциите, па така лани во периодот од јануари до јуни во блок трансакции биле истргувани 13 милиони евра, додека годинава во истиот период во блок трансакции се истргувани 1,8 милиони евра. Или за 85,9% помалку. За 96,2% е намалено тргувањето со јавни берзански аукции. Односно, лани од јануари до јуни во јавни берзански аукции се свртеле 4,3 милиони евра, додека годинава воо истиот период се свртеле 156 илјади евра. Според податоците најголем дел или 34,1% од вкупниот промет на Македонската берза е направен во јуни, потоа во февруари околу 19,2 %,во март 14,3%, во април 12,8%  во јануари 10%  а најмал промет има во мај односно само 9,4% од вкупниот промет на нерзата е направен во овој месец. Најтргувани акции Во првото полугодие од годинава најтргувани биле акциите на Алкалоид, Комерцијална банка, НЛБ Тутунска банка, Макпетрол и Гранит. Со акциите на Алкалоид е направен промет од 2,9 милиони евра. Истргувани се 35.343 акции, а просечната цена е 5.070 денари. Промет од 2,4 милиони евра е направен со акциите на Комерцијална банка. Истргувани се 82.171 акција, а просечната цена е 1.907 денари. Со акциите на НЛБ Тутунска банка направен е промет од 787 илјади евра. Истргувани се 8.437 акции, а просечната цена е 5.602 денари. За половина година промет од 713,5 илјади евра е направен со акциите на Макпетрол . Акциите имаат просечна цена од 19.510 денари, а истргувани се 2.317 акции. Со акциите на Гранит направен е промет од 610 илјади евра. При тоа истргувани се 68.915 акции, а просечната цена е 533 денари по акција. Акции со најголем раст/пад на вредноста Пет акции кои во изминатата година имале најголем раст на цените се акциите на Грозд Струмица, ФЗЦ 11 Октомври, Прилепска Пивара, Бетон и Скопски пазар, додека пет акции кои имале најголем пад се акциите на Јака Радовиш, Димко Митрев Велес, РЖ Институт, Тутунски комбинат Прилеп и Хотели Метропол. cena akcii Вредноста на МБИ-10 изнесува 1.640,85 и бележи пад за 11 % од 30 декември 2014 година, до 30 јуни 2015 година. cena akcii11  

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?