Шест совети да ја подобрите својата материјална состојба!
Објавено во: Финансии 11 Февруари, 2016 14:05
Многумина мислат дека е невозможно да се стане богат. Спремни се напорно да работат, но сепак не размислуваат за можноста за да се збогатат. Повеќето сметаат дека моќните само стануваат уште помоќни. Изградбата на богатство може да го почнете со ефикасни тактики кои ништо нема да ве чинат.
Песимизмот и очекувањата дека ќе успеете преку ноќ треба да ги оставите на страна, наведува „Daily Finance“.
1.ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛ
Не е доволно само да се рече „Јас сакам да инвестирам“. Тоа е повеќе фантазија отколку план. Направете мапа на чекори кои мора да ги преминете за да дојдете до крајната цел. Ако сакате да вложувате во недвижнини, преземете конкретни чекори за да дознаете што е потребно за остварување на вашите идеи.
Некои од чекорите се едукација за локалниот пазар на недвижнини, количина на пари кои ќе ви требаат за да почнете со работа, истражување за начините на кои можете да ја остварите целта или купување на запленети недвижнини на аукции.
2. НАПРАВЕТЕ БУЏЕТ
Креирајте буџет кој ќе ве донесе до она што го планиравте. Пресметајте колку плаќате кредит за стан, кирија, исхрана и слични трошкови. Потоа одземете ги сите додатни трошкови, како што се посебни канали на кабловската кои се плаќаат. Потоа кога ги знаете вашите „вистински трошоци“, ќе имате јасна слика колку пари ви остануваат за да штедите за исполнување на вашата цел.
3. СЛЕДЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ
Најдобар начин да проверите колку навистина трошите е да ги пишувате и следите трошоците барем месец дена. Тоа ќе ви даде точен увид на што се одат вашите пари. На крајот на месецот можеби ќе бидете изненадени кога видите дека значаен дел од буџетот го трошите на помалку важни купувања. Ако видите дека повеќе пари ви одат на апликации, магазини, филмови или пак нешто друго поинаку ќе ги распоредите средствата. Не е идеја да се откажете од се што сакате, туку паметно да ги искористите вашите пари.
4. ЖИВЕЈТЕ МАЛКУ ПОД СВОИТЕ МОЖНОСТИ
Тогаш кога имате одржлив буџет, придржувајте се до него. Заштедата сочувајте ја за остварување на вашите планови. Тоа не значи дека не можете да се забавувате но колку помалку потрошите денеска, веројатно е дека утре ќе бидете побогати.
5.ВРАТЕТЕ ГИ ДОЛГОВИТЕ
Ако секој месец ви остануваат пари, секако би требало да ги заштедите, освен ако имате долгови. Пред размислувањето за вложување на заштедата, тие пари искористете ги за да ги вратите долговите. Кога ги исполните обврските кон оние кои ви позајмија пари ќе имате „здрави финансии“ и ќе можете подобро и побрзо да тргнете напред.
6. РАЗМИСЛУВАЈТЕ НА ДОЛГИ ПАТЕКИ
Кога направите буџет, ги испратите трошоците, се ослободите од непотребни и ги вратите долговите, веројатно е дека сте навиканле на скромен начин на живот за да бидете побогати во иднина. Искушението да се вратите на старо ќе постои. Најголема препрека за подобрување на вашата материјална состојба е моментален успех, желба да имате се денес и веднаш.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





