19 Декември, 2025
0.0546

Шилегов: Нема да даваме наши пари за Дино Мерлин

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2019 06:58

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа реагираше на информацијата дека Дино Мерлин ќе биде платен 100.000 евра за новогодишниот настап на скопскиот плоштад со потсетувањe до јавноста дека за сараевскиот изведувач нема да се дадат буџтски пари.

Според „курир.рс“, Мерлин за 100.000 евра ќе ги забавува скопјани и тој ќе го добие најскапоплатениот хонорар за новогодишната ноќ од сите бакански ѕвезди заедно со Здравко Чолиќ.

Кога беше официјално најавено кој ќе ги забавува скопјани за новогодишната ноќ, од градот потенцираа дека целата сума за хонорарот на Мерлин, ќе биде платена од спонзори.

„Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како ... (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски)“, реагираше Шилегов меѓудругото на својот профил на Фејсбук.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сепак бараат од Шилегов да каже кои се тие спонзори и интереси кои ќе го исплатат настапот на Мерлин.

„Градоначалникот на Скопје треба да одговори под кои околности е даден тендерот за прескапото китење на градот, и кој се фамозните спонзори од 100 илјади евра за прославата за Нова година на Градскиот плоштад? Дали тоа што не ги соопштува значи дека се финансира прославата со црни пари?“, гласеше дел од реакцијата на најголемата опозициска партија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината