Шилегов: Владата ќе ја предводи СДСМ, Теарце гласаше за промени
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Петре Шилегов, носител на листа на СДСМ во ИЕ 6 ‚ вечерва соопшти дека граѓаните на Теарце се приклучиле на остатокот на граѓаните на Македонија и гласале за промени и живот.
Вели Владата ќе ја предводи СДСМ и дека сега во Теарце освоиле 170 повеќе гласови отколку на 11 декември.
„Кажаа дека е доста, дека и тие како и остатокот бараат живот во Македонија, одговорни институции, одговорна Влада. Од овде од Теарце ќе испратиме порака дека ќе има одговорна Влада, Влада која ќе ги воведе демократските промени во државата. Ќе има ново владино мнозинство“ - рече Шилегов.
Кажа дека ова е последен пат да се искривува волјата на граѓаните. Шилегов вели дека ова гласање е симболично, а зборот на Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во политиката не значи ништо.