Историски успех во македонскиот шах
ШК „Алкалоид“ со злато на ЕКК 2016 во Нови Сад
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2016 09:04
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ триумфираше на престижниот „Европски Клупски Куп 2016“ во Нови Сад, освојувајќи златен медал во исклучително силна конкуренција на европската и светска шаховска елита. Со овој историски триумф, најуспешниот македонски шаховски клуб достојно ја одбележа 40-годишнината од своето постоење.
„Имавме многу тежок меч кој буквално значеше сé или ништо за крајниот резултат на овој елитен шаховски собир. Со максимална приземност, висока концентрација и непоколеблива борбеност успеавме да ремизираме на сите 6 табли, со што за прв пат се закитивме со злато, кое ќе остави длабока трага во историјата на македонскиот шах“, истакна ВМ Драгољуб Јакимовиќ, капитен на ШК „Алкалоид“.
ЕвропскиотКлупскиКуп(ECC, European Club Cup), познат уште и како Куп на шампиони во шах, е најсилното клупско шаховско натпреварување. Сите европски држави се застапени со своите најсилни екипи, засилени со шахисти од целиот свет.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




