29 Јуни, 2024
0.0249

Шојбле не ја исклучува можноста за банкрот на Грција

Објавено во: Економија 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле одбил да ја исклучи можноста грчката држава да западне во банкрот, на тој начин ќе го зголеми притисокот врз Атина во последните фази од преговорите за зголемувањето на финансирањето од кое зависи медитеранската земја толку очајно.

На прашањето дали ги држи своите ставови искажани во 2012 година по уверување дека нема да има државен банкрот во Грција, Шојбле изјави за „Wall Street Journal“ и за францускиот весник „Les Echos“ дека треба да се „мисли многу внимателно во сегашната ситуација дали би го изјавил тоа повторно“.

„Благодарение на сувереното демократско решение на грчкиот народ ние денес сме сведоци на многу поинаква ситуација“, изјавил тој, мислејќи на изборите во јануари, кои ја доведоа во Атина оваа власт и владата на Сириза.

За да се регенерираат плаќањата од спасувачкиот пакет за Грција, Шојбле продолжува да инсистира на спроведување на постигнатите договори. Тој сепак вели дека атмосферата за преговорите е подобрена, но предупреди во исто време, дека нема напредок во темата.

Спротивставените негови изјави во однос на банкрот на Грција од 2012 година биле искажани „во спонтана дискусија во одредена публика - едно особено положба во Сингапур“, изјавил сега Шојбле.

„Но зборовите на еден министер за финансии очигледно се вклопуваат како во камен - за вечноста, во рамките на овие барања многу внимателно би помислил во сегашната ситуација дали можам да го кажам истото и сега“.

Во интервјуто Шојбле не го криел незадоволство од влошувањето на ситуацијата во Грција, откако Алексис Ципрас го презеде управувањето со земјата. Истовремено финансиерот ги утврдил условите за можна трета спасувачка програма како полоша од пред некое време. „Трета спасувачка програма за Грција може да има само ако тековната програма биде финализирана“, изјавил Шојбле, и со тоа ги демантираше шпекулациите од последниве денови дека за слична опција се дискутира. Освен тоа, германскиот министер нагласил дека не се разгледува можноста последната транша за Атина да биде разбиена на помали делови.

Ако по истекот на сегашната програма Грција постигне примарен суфицит, ги исполни своите обврски и се уште има потреба од финансирање, навистина би можело да се помисли за дополнително финансирање, но „условите за тоа остануваат под знак прашање, бидејќи Грција се уште не ја имаат завршено успешно програмата и во моментов веќе нема примарен суфицит, како во изминатата година“, појаснил Шојбле.

Според „WSJ“ министерот не покажал подготвеност за компромис во рамките на водените преговори со Атина за деблокирање на последната транша од спасувачката помош.

Министерот за финансии ја отфрлил и можноста за влијание од највисоко политичко ниво, за да се надмине кризата и доаѓаме до ќорсокак на техничките преговори.

„Преговорите меѓу Грција и трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и ММФ) секогаш биле тешки, но барем досега секогаш биле успешни“, изјавил Шојбле.

„Немам никаква намера да се мешам во овој процес“.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба