ШОЛЦ САКА ДА МУ СЕ ЈАВИ НА ПУТИН: Украина или нешто друго ќе биде тема?
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Според германските медиуми, германскиот канцелар Олаф Шолц сака телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин првпат по речиси две години.
Оваа информација ја објави германскиот весник Цајт, повикувајќи се на извори од германската влада.
Наводно се размислува за телефонскиот повик пред состанокот на Г20 во Бразил во ноември. Меѓутоа, од Берлин сè уште нема барање за разговор, наведува весникот. Доколку тој разговор биде остварен, Шолц ќе биде првиот шеф на влада од земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, кој ќе има директен контакт со Путин. Последниот телефонски разговор меѓу Шолц и Путин бил во декември 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.