ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2024 14:36
Околу 30 уметници од земјава и од странство учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, што од 22 јуни до 6 јули ќе се одржува во Вевчани.На настанот се и избраните млади таленти од Конкурсот за млади сликари 2024, што го распишаа Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу младите уметници, а најкреативните уметнички дела, од страна на организаторот и стручното жири беа избрани десет дена да бидат дел од овогодишното издание на Меѓународната ликовна колонија.
Свеченото отворање на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“ се одржа на 22 јуни каде што присуствуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица, заедно со други претставници од Банката. Г-ѓа Ефимија Угриноска Кукоска, организаторка на колонијата, изјави дека и годинава се потврдува разноликоста на талентираните уметници од целиот свет што ќе учествуваат на колонијата, а додаде и дека колонијата „Вевчански видувања“ во изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан, кој поттикнува креативност, соработка и културна размена.

По завршувањето на колонијата, Шпаркасе Банка ќе организира хуманитарен настан, на кој сликите на младите уметници ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Шпаркасе Банка, според својата стратегија за корпоративна општествена
одговорност „Sparkasse Life“, е посветена на промовирање на младите креативци,
негувајќи ја нивната визија за идните уметнички стандарди.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




