19 Декември, 2025
0.0594

Шпаркасе Банка и маратонецот Смилков ќе трчаат за хуманост

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2015 14:03

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка преку хуманата акција „Трчаме за хуманост“ ќе донира финансиски средства како помош за понатамошно лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска, кои боледуваат од церебрална парализа.

Тимот на Шпаркасе Банка кој ќе биде предводен од маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, со секој истрчан километар ќе придонесат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Јоце и Марга, а Смилков ќе и помогне на Марга да биде дел од екипата и таа да стигне на самата цел со својата инвалидска количка.

„За Шпаркасе Банкаопштествената одговорност не е само декларативна изјава во нејзината мисија и визија, туку таа и со своите дела ја покажува грижата, како за заедницата така и за поединците кои имаат потреба од помош. Оттаму произлезе и поддршката за оваа иницијатива на маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, кои во рамките на Скопскиот Маратон ќе го предводат нашиот тим од 30 учесници и преку својот спортски дух и хуман мотив ќе помогнат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Марга и Јоце. Шпаркасе Банка одлучи да издвојува одреден износ за секој истрчан километар на своите вработени, а за оваа намена таа отвори наменска сметка за донации што ќе се комуницира во јавноста и на која што сите хумани луѓе и институции во државата ќе можат да донираат. За нас „Трчаме за хуманост“ е акција преку која ќе ја покажеме нашата солидарност, грижа кон заедницата и лицата кои се заболени од ретки или тешки болести, а воедно ќе придонесеме во популаризирање на спортската култура“, изјави Елена Богданова, Директор на сектор за управување со корпоративни клиенти.

spakase

Идејата за помош со учество во трката, потекна од македонскиот маратонец и Гинисов рекордер, Александар Смилков, кој заедно со Александар Димитровски,за и во името на Марга и Јовица, ќе ја зголемуваат донацијата со секој километар од маратонската патека.„Учеството на оваа маратонска трка ги надминува нашите лични предизвици и овој пат мотивацијата доаѓа од искрено, хумано чувство. Шпаркасе Банка е првата компанија што ја поддржа идејата за трчање и донирање на секој изминат километар, што делува многу мотивирачки и поттикнува на истрајност и издржливост до целта, што е многу потребно во маратонското трчање. Им благодарам на Шпаркасе Банка и горд сум што заедно со Марга ќе трчаме во дресот на еден тим кој е што одлучен во намерата да помогне“, изјави маратонецот Александар Смилков.

Покрај Смилков и Димитровски, кои ќе ја трчаат маратонската патека, Шпаркасе тимот ќе учествува  во полумаратонската и во хуманитарната трка.Граѓаните, компаниите и сите хумани луѓе, својата донација за понатамошното лекување на Марга и Јовица може да ја уплатат на сметката 250-0000000001-11 со повик на број корист 2924000628 -со назнака „Хуманитарна донација за лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска”, најдоцна до 31 мај, 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка