19 Декември, 2025
0.0572

Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди за општествено одговорни практики

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2016 15:31

Добивај вести на Viber

Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денес беа доделени Националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.Шпаркасе Банка Македонија оваа година e добитник на две статуетки за предложени проекти во две категории, и тоа „Заштита на животната средина“ и „Вложување во заедницата“.

Шпаркасе Банка беше наградена во категоријата „Вложување во заедницата“со проектот „Social Impact Award – Награда за социјално претприемништво“, кој се воведе во Р. Македонија за првпат минатата годинаво соработка со Млади инфо. Целта на овој проект е да се поттикне претприемничкиот дух кај младите, кои сонапорот што го вложуваат за реализација на проектитевоедно решаваат и некои од проблемите на општеството. Од таа причина Шпаркасе Банка давафинансиска и стручна поддршка на овој проект, чие влијание во заедницата е повеќекратно. Преку овој проект младите даваат свои идеи, решенија на одредени општествени проблеми што се однесуваат на заштита на животната средина, создавање здрави животни стилови, обновливи извори на енергија, вработување други млади луѓе, целосна инклузија на лицата со попреченост во општеството и многу други социјални аспекти. Со ваков вид поддршка за формирање сопствени бизниси, младите луѓе се градат во идни социјални претприемачи, кои не чекаат на вработување туку самостојно го креираат.

Во категоријата „Заштита на животната средина“ Банката ја освои наградата со проектот - Хуманитарна работна акција на вработените во Шпаркасе Банка во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Грижата кон животната средина е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија, која континуирано се прикажува преку вложување во проекти за поддршка на социјално ранливите групи. Децата без родители и родителска грижа се една од маргинализираните групи во македонското општество. Од овие причини Шпаркасе Банка се одлучи да ја поддржи оваа категорија граѓани на долг рок и секоја година да дава свој придонес за подобрување на нивниот развој во рамките на секојдневното општество и создавање грижа кон средината во која тие живеат.

Целта на наградата за најдобро општествено одговорни практики е да се промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција