06 Јануари, 2025
0.0271

Шпаркасе Банка свечено го отвори Шпаркасе Центарот за oбука

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност и грижа за вработените, свечено го отвори Шпаркасе Центарот за обука во скопската населба Автокоманда. Отсега сите тековно вработени и нововработени во Банката, како и потенцијалните кандидати за вработување – студентите и средношколците, ќе имаат на располагање наменски тренинг-центар за континуиран професионален и личен развој, во кој ќе се одржуваат сите видови обуки што ќе бидат спроведувани од екстерни обучувачи, вработени во Банката или гости предавачи.

Овој Центар за обука е повеќенаменски простор опремен со современа технологија и услови за спроведување на сите видови обуки. Дел од центарот е адаптиран во симулирана експозитура, што ќе послужи за обука за работно воведување на нововработените без банкарско искуство, со цел нивно ефективно оспособување за самостојна работа. Другите делови од просторот се наменети за одржување на сите видови обуки, coaching сесии, симулации на состаноци за усовршување преговарачки и продажни вештини, како и wellness катче, каде што вработените ќе можат да направат пауза и да се релаксираат на lazy bags.

„Шпаркасе Банка ги следи актуелните трендови на пазарот на трудот и ја препознава потребата од континуирано усовршување и вложување во знаењето на своите вработени, сè со цел позиционирање како најпосакуван работодавач. Обуките и развојните програми што Банката ги овозможува за вработените, придонесуваат не само вработените да бидат во тек со последните бизнис-трендови и со најновите достигнувања во своите професии, туку придонесува и за нивна поголема мотивација, задоволство од работата и лојалност. Новостекнатите знаења им овозможуваат на вработените иницијативност, правилни одлуки, подобрување на работните процеси, со што напредуваат вработените, а благодарение на тоа, напредува и Банката“ – вели Билјана Санев, директор на Дирекцијата за човечки ресурси.

Имајќи ја предвид соработката на Шпаркасе Банка со образовните институции, Центарот за обука ќе претставува можност за студентите и за средношколците за стекнување практични знаења од областа на банкарството и директно учење (learning by doing) на тестна околина, со што тие ќе се стекнат со практични знаења и вештини и веднаш по дипломирањето, ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Во оваа насока се планира организирање и банкарска школа, која би била наменета за студентите и за средношколците.

Под платформата „Sparkasse Life“, но и во рамките на пошироката регионална кампања „Верувај во себе“,  Шпаркасе Банка се труди силно да ја пренесе пораката до сите да веруваат во себе, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред.

Континуираната едукација и развој се темел на пристапот кон работата во Шпаркасе Банка, па затоа Банката ги охрабрува сите свои сегашни и идни вработени да бидат мотивирани и проактивно да учествуваат во сопствениот развој. Да веруваат во себе затоа што имаат банка штоверува во нив.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Анализа која ја прават финансиските институции кога аплицирате за кредит

Анализа која ја прават финансиските институции кога аплицирате за кредит

Македонската ракометна репрезентација оди на Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација оди на Светско првенство

ПОВЕЌЕ ОД 12 И ПОЛ МИЛИОН ЕВРА, ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО 2024

ПОВЕЌЕ ОД 12 И ПОЛ МИЛИОН ЕВРА, ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО 2024

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Како да управувате со вашиот долг?

Како да управувате со вашиот долг?

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС