05 Декември, 2025
0.0415

ШТЕДЕЊЕ : Фирмите ги трошат заштедите – за еден месец пад од 65 милиони евра!

Објавено во: Финансии 24 Август, 2015 08:28

Добивај вести на Viber

Она што го посочи Народната Банка во еден од своите последни извештаи, се потврди и со бројки. Во јули во однос на јуни е регистрирано намалување на вкупната депозитна база. Имено, салдото на депозитите во јули изнесувало 4,65 милијарди евра и за еден месец во однос на јуни е намалено за 47 милиони евра. Вкупни депозити: Јули  4 658 601 626 Јуни   4 705 756 097 Според анализата на НБМ, ова јулско намалување е резултат на повлекувањето на депозитите на компаниите. Стапката на раст на шедењето изнесувала 7,4%, што е помалку во однос на проекцијата. “Во однос на депозитниот потенцијал, податоци со јули покажуваат нивно намалување, коешто е резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, по двомесечното намалување, депозитите кај домаќинствата во јули забележаа раст, најмногу поттикнат од штедењето во домашна валута. Овие поместувања сигнализираат постепено исцрпување на неповолните ефекти врз довербата на населението од зголемената неизвесност во домашното и надворешното окружување. Сепак, остварувањата кај вкупните депозити со јули се послаби од проектираните, при што на крајот на јули вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 7,4%, додека проекцијата за крајот на третиот квартал предвидува раст од 9,5% на годишна основа“, соопштуваат од Народната Банка на Македонија. Податоците укажуваат дека во јули има пад и кај денарското и кај девизното штедење. Вкупни депозити: Денарско штедење: 2 743 756 097 Девизно штедење:  1 914 845 528 И натаму, во валутната стуктура, депозитите во денарии доминараат пришто  учествуваат со скоро 59% од вкупната депозитина база. Заклучно со јули, вкупната заштеда на граѓаните изнесувала 3,36 милијарди евра додека. Депозитите на фирмите во јули изнесувале  995 милиони евра, или за 65 милиони евра помалку во однос за јуни. Со ова, депозитната база на компаниите   се спушти под една милијарда евра, на најниско ниво од почетокот на годинава. Депозити на приватни компании : Јуни               1 060 813 008 Јули                  995 626 016 Показателите упатуваат на тоа дека вкупната  депозитната база и натаму расте, иако со забавана динамика во јули, со што таа веќе значајно ја надмина кредитната исложеност на банките, Вишoкот на ликвидни средства, главно се врзани за државни и за благајнички записи од вредност Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката