05 Декември, 2025
0.0292

ШТЕДЕЊЕ: Паѓаат ли каматите за новите денарски влогови?

Објавено во: Финансии 24 Март, 2015 09:16

Добивај вести на Viber

Грaѓаните и фирмите во февруари, во банките чувале 4 милијарди и 683 милиони евра, штедни влогови. И во вториот месец од годинава продолжи трендот на раст на депозитната база. Во споредба со јануари, или за еден месец штедењето се зголемило за 15 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка. “Растот на вкупните депозити во февруари беше поттикнат од зголеменото штедење на домаќинствата чијшто раст на месечна основа забрза споредено со претходниот месец. За разлика од претходниот месец кога новото штедење на домаќинствата во целост произлезе од растот на депозитите во странска валута, во февруари денарските депозити повторно се главниот фактор за депозитниот раст“, оценува НБРМ во новиот мартовски извештај. Раст на штедењето е регистрирано и во денари и во странска валута. Така, штедните влогови во денари, заклучно со февруари изнесувале 2 милијарди и 749 милиони евра додека во девизи тие биле со салдо од 1 милијарда и 936 милиони евра. По три месечен пад на штедњето во девизи, НБРМ констатира дека во првиот месец од годинава е регистриран пораст на девизното штедење, тренд кој продолжил и во февруари. “Остварениот годишен раст на вкупните депозити и натаму главно произлегува од зголемувањето на денарските депозити при умерен позитивен придонес на девизните депозити. Сепак, во текот на јануари се забележува раст на депозитите во странска валута на месечна основа, наспроти намалувањето во претходните три месеци“, посочува аналитиката на НБМ. Бројките на НБРМ укажуваат дека во февруари, граѓаните го засилие штедењето во девизи, додека кај денарските депозити е регистриран пад. Вкупни депозити на население   3,3 милијарди евра Депозити во денари                       1,7 милијарди евра Депозити во девизи                       1,6 милијарди евра Според показателите, првиот месец од годинава почнал со раст на депозитите на домаќинствата, кои го засилие штедењето во странска валута, на смета на штедењето во денари,кое учествувало со 51,7% во вкупната депозитина база кај секторот население. Народната банка констатира дека вкупниот раст на штедењето е поголем од  очекувањата. “Годишната стапка на раст на вкупните депозити на крајот на јануари изнесува 10,6%, што е над проектираниот раст од 8,3% за првиот квартал на 2015 година.“, се нотира во мартовскиот Извештај на Народната Банка. Според НБРМ, во првиот месец од годинава, новопримените денарски депозити биле со пониска камата. “Во јануари  каматната стапка на денарските депозити изнесуваше 3,3%, додека на девизните депозити изнесуваше 1,6%. Кај новопримените депозити, каматните стапки во јануари изнесуваа 2,1% и 1,5%, за денарските и девизните депозити, соодветно“, се наведува во извештајот. Во првиот месец од годинава депозитите на претпријатијата забележале  мало намалување на месечна основа, за разлика од претходниот месец кога придонесоа за половина од растот на вкупните депозити. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката