ШТЕДЕЊЕТО ВО БАНКА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - во ноември пораст од 6,3 отсто
Објавено во: Финансии 21 Декември, 2020 15:53
Народна банка соопшти дека расте штедењето и кај граѓаните, и кај компаниоите, а доказ за тоа се податоците и за ноември.
Имено, во ноември, на годишна основа вкупниот раст на депозитите изнесува 6,3 отсто, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор (вкупен раст од 24 милијарди денари, од кои 10 милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“).
Растат и кердитите, но малку побавно од депозитите. Притоа, исто така, граѓаните земачле банкарски кредити многу повеќе од компаниите.
„Вкупните кредити бележат годишен раст од 5,4 отсто и се должи на кредитирањето на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“ (вкупен раст од 18 милијарди денари, од кои 4 милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“)“, се вели во соопштението од централната банка.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




