ШТЕДИЛНИЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ, ЌЕ СОБИРААТ ДЕПОЗИТИ ОД КОМПАНИИ И ЌЕ ПРОДАВААТ ПОЛИСИ – еве ги новините во Законот за банки
Објавено во: Финансии 19 Декември, 2024 07:41
Штедилниците во земјава ќе имаат поголеми овластувања. Ова се овозможува со измените на Законот за банки кој веќе е Собранието. Се планира усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи, во делот на работењето на штедилниците,ќе се овозможи проширување на услугите кои ќе може да ги прават за клиентите.
Како што е истакнато во самиот документ, во иднина штедилниците ќе можат да даваат една или повеќе платежни услуги на физички и правни лица од Македонија. Тие исто така ќе имаат надлежност да издаваат електронски пари на физички и правни лица. Меѓу новите задолженија ќе биде и да отвораат платежни сметки за платежни институции и институции за електронски пари, како и да отвораат посебни сметки на платежни институции и институции за електронски пари на кои се депонираат примените парични средства заради нивна заштита.
- Дополнително се врши уредување на останатите активности кои ќе може да ги врши штедилница, при што се дава можност штедилница да врши прибирање на депозити и од правни лица од Македонија, ќе може да врши и продажба на полиси за осигурување, како и банките – се посочува во документот доставен во собранието.
Надлежните укажуваат дека со оглед на фактот оти со Законот за банките се прошируваат активностите на штедилниците, истите добиваат можност за вршење на дополнителни активности, во рамки на Законот се пропишува минималниот износ на почетен капитал што треба да го поседуваат штедилниците, како и формата на сите понатамошни зголемувања на капиталот, како и обврските за одржување на стапка на адекватност на капитал.
- Почетниот капитал на штедилницата изнесува најмалку 62.000.000 денари (1 милион евра) впишан во Трговскиот регистар како основна главнина.Сите натамошни зголемувања на почетниот капитал мора да бидат само во паричен облик и да бидат уплатени во целост. Штедилницата е должна да ја одржува вредноста на почетниот капитал. Почетниот капитал и сите натамошни зголемувања на почетниот капитал на штедилницата не може да се намалуваат преку враќање на уплатените влогови на акционерите, односно содружниците. Штедилницата е должна да одржува стапка на адекватност на капиталот којашто не може да биде пониска од 20 проценти – е наведено во документот доставен во Собранието.
Меѓу другото се уредуваат лимитите на изложеност на штедилница кон лице и со него поврзани лица, изложеноста спрема акционер, содружник со квалификувано учество во штедилница, како и изложеноста спрема лице со посебни права и одговорности и вкупната изложеност на штедилницата.
Истовремено, се уредуваат основите за стекнувањеземјиште, згради и опрема, и капитални делови на штедилница, како и лимитите на изложеност кон имот во земјиште, згради и опрема како процент од сопствените средства.
- Штедилницата не смее да се стекне со земјиште, згради и опрема кои не ги користи за извршување на своите активности, како и со капитални делови во други субјекти, освен оние стекнати врз основа на ненаплатени побарувања. Имотот на штедилницата во земјиште, згради и опрема не смее да надмине 40 отсто од сопствените средства на штедилницата. Во рамките на лимитот од ставот на овој член не се вклучува имотот во земјиште, згради и опрема стекнат врз основа на ненаплатени побарувања, а кои штедилницата не ги користи за извршување на своите функции и капиталните делови стекнати врз основа на ненаплатени побарувања. Имотот и капиталните делови стекнати врз основа на ненаплатени побарувања, штедилницата е должна да ги продаде во рок од три години од нивното стекнување – се наведува во законот.
Поради проширувањето на активностите кои ќе ги вршат штедилниците се врши усогласување и во делот на прекршоците.
- Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на штедилница, доколку не им обезбеди на потрошувачите јасни, релевантни и навремени информации за производите и услугите кои ги нуди. Ако не обезбеди транспарентен и фер пристап при склучување на договорите со потрошувачите или не воспостави систем за прием, евиденција, како и навремено и правично постапување во однос на поплаките на потрошувачите. Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во штедилницата – стои во законот.
Предлагачите укажуваат дека со измените во делот на заштитата на потрошувачите ќе се овозможи еден транспарентен и фер пристап кон секој потрошувач и соодветна заштита за секој потрошувач – корисник на производи и услуги од банките.
П.О.
Фото: Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





