09 Декември, 2023
0.0246

ШТЕДИЛНИЦИТЕ ВЛЕГУВААТ „ВО ИГРА“ - Финансии крои закон со кој тие ќе можат да даваат платежни трансакции и да прифаќаат трансакции

Објавено во: Финансии 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Штедилниците се враќаат „во игра“ во државава. Се кројат законски измени со кои тие ќе добијат поголема улога, односно ќе можат да им даваат платежни услуги на граѓаните, да прифаќаат платежни трансакции и слично.

Во моментов во Македонија функционираат две штедилници, а тие се ФУЛМ и Можности.

На националната платформа ЕНЕР, власта, конкретно Министерството за финансии најавува дека во фаза на подготовка се измени на Законот за банките.

Од Финансии објаснуваат дека причина за измените е фактот што од стартот на идната година ќе почне да се применува Законот за платежни услуги и платни системи, а поради фактот што во Законот за банките е уредено работењето на штедилниците како финансиски институции, велат дека има потреба да се усогласат двата закони, особено во делот на одредбите со кои се регулира работењето на штедилниците.

„Со предложеното законско решение, ќе се овозможи и на штедилница да дава една или повеќе платежни услуги на физички лица од земјава, прифаќање платежни трансакции, отворање платежни сметки за платежни институции и институции за електронски пари, отворање посебни сметки на платежни институции и институции за електронски пари на кои се депонираат примените парични средства заради нивна заштита, и така натаму“, се вели во кусото образложение на ЕНЕР зошто се носи овој закон.

Законските измени треба да се изготват до крајот на годинава, време до кое треба да се приберат сите мислења на засегнатите страни, нивните забелешки и сугестии, како и да се организираат јавни дебати по одредени прашања.

Инаку, како што објавила и самата НБМ во еден од своите последни извештаи, штедилниците се депозитни институции чијшто удел во финансискиот систем на земјава, според обемот на активности кои ги вршат, е многу мал.

Тие прибираат депозити од физички лица, поради што нивните остварувања, и пред сè репутацијата, се значајни за севкупната финансиска стабилност. Опасноста од остварување и прелевање на ризиците е мала, пред сѐ поради малиот обем на активности на штедилниците и осигурувањето на депозитите, но и поради нивната задоволителна солвентност и ликвидност.

„Се забележува одредено влошување во квалитетот на кредитното портфолио и раст на нефункционалните кредити, кој произлегува од кредитите на кои им било одобрено олеснување во отплатата заради полесно справување со негативните ефекти од пандемијата. Неповолните случувања во 2022 година, поврзани со пандемијата и војната во Украина, нарушувањето на глобалните синџири на снабдување, повисоките цени на енергентите, повисоките каматни стапки, зголемената стапка на инфлација, претставуваат ризик за можен иден раст на нефункционалните кредити и послаби остварувања кај депозитите на штедилниците“, напишале од НБМ во извештајот.

Натаму, како што објаснуваат, во 2021 година, солвентноста на двете штедилници се одржала на високо ниво. Стапката на адекватност на капиталот забележа мало подобрување во однос на претходната година, и таа и кај двете штедилници е над регулаторното барање, од минимум 20 отсто.

Кредитниот ризик е најзначајниот ризик на кој се изложени штедилниците. Со оглед на фактот што кредитирањето на штедилниците е најмногу насочено кон физичките лица, што опфаќа 95,1 отсто од кредитите, следствено и кредитниот ризик заради ненаплата на побарувањата е дисперзиран кај поголем број корисници и на помали износи.

Показателите за профитабилноста на штедилниците се задржале на слично ниво како и во 2020 година, односно тие во 2021 година оствариле помала добивка во однос на претходната, што во најголема мера произлегува од намалените нето каматни приходи

И од НБМ констатирале дека штедилниците не се носители на платниот промет, поради што и немаат увид во платежните сметки на кредитокорисниците, ниту можат да ги следат приливите врз основа на плата на нивните потенцијални клиенти.

„Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој ќе почне да се применува од први јануари 2023 година, се создава можност, покрај банките, платежни услуги да нудат и други институции коишто ќе ги исполнуваат потребните услови, пропишани со овој закон. На тој начин им се отвора можност на штедилниците да го прошират делокругот на активности, во сегментот на платежни услуги, што пак би претставувало и дополнителен извор на некаматни приходи“, констатирала во својот извештај централната банка.

Инаку, ако сега на финансискиот пазар на земјава постојат само две штедилници, би требало да се напомене дека во 2004 година имавме дури 15 штедилници.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

ВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИНАНСИИ И ОРГАНИТЕ ШТО РАБОТАТ ПОВРЗАНО СО БУЏЕТОТ: До одлуката, нема да земаат покачена плата од 30 отсто

ВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИНАНСИИ И ОРГАНИТЕ ШТО РАБОТАТ ПОВРЗАНО СО БУЏЕТОТ: До одлуката, нема да земаат покачена плата од 30 отсто