19 Декември, 2025
0.0431

ШТО Е ПРОБЛЕМАТИЧНО: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ работат на усогласување на реформските закони

Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 13:37

Добивај вести на Viber

Во очекување на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со усогласување на реформиските закони, пишува Радио Слободна Европа.

Работните групи на партиите продолжуваат со разговорите за усогласување на реформските закони и ден пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во европските интеграции. Законите се дел од реформскиот план на владата која се обврза на реализација на напредокот на земјава кон Европската унија. Од пакетот реформи за спорен се сметаше Законот за судовите.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека, иако биле договорени измените на законот за судовите, минатата недела имало, како што наведуваат, ретерирање од страна на власта.

Сега е почнат повторен процес на разговори и ние се надеваме на исход во скоро време“, велат од опозициската партија, не прецизирајќи што конкретно е проблематично.

Извори од СДСМ, пак, наведуваат дека работните групи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги усогласиле сите реформски закони поврзани со правосудството вклучително и Законот за судовите.

„Сега остануваат да се усогласат измените поврзани со изборниот законик“, велат од СДСМ.

Според измените на Законот за судовите кои Владата ги испрати до Собранието, основната цел е усогласување со забелешките дадени од Венецијанската комисија за законите за дисциплинска одговорност и евалуација на судиите. Со измените се зајакнуваат критериумите во оценувањето на судиите, се отстранува двојноста на основите за разрешување на судиите и, како што се наведува, премногу долгата листа на околности кои може да доведат до дисциплинско казнување и други прашања.

Во текстот на предлог законот, како што пишува, се зајакнати и одредбите кои се однесуваат на надзорната функција на Министерството за правда, согласно препораките од групата експерти за системските прашања за в​ладеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриени во пролетта 2015 година.

Инаку, Европската комисија утре во Стразбур ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидатки за зачленување во Европската унија. Според дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел, кој имал увид во извештајот, во него се препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а делот за земјава е меѓу по позитивните во пакетот. Во него се наведува дека Брисел „јасно ја препознал политичката волја за напредок“ и се предупредува дека „штетата која се правела години наназад не може да се среди преку ноќ“, но дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза и дека структуралните реформи се долг процес кој може да потрае.

Во истиот нацрт-извештај за Македонија се нагласува дека за понатамошен напредок на земјата од одлучувачка важност се задржувањето и продлабочувањето на процесот на донесување на итните реформски приоритети.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот