15 Декември, 2025
0.0452

ШТО ГО СТОПИ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ВО ЗЕМЈАВА?! Агенцијата регистрираше нов голем пад на лицата кои бараат работа

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

Нов пад на бројот на невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување на Македонија. Согласно најновите податоци продолжува трендот на намалување на лицата кои се невработени или кои бараат работа.

Последните бројки кои ги објави АВРСМ велат дека во септември невработени биле 94.480 лица, додека бројот на лица кои бараат работа достигнува 43.002 баратели. За споредба, претходниот месец, односно во август вкупно 95.032 лица се пријавиле во Агенцијата како невработени. Ова покажува дека има намалување кај невработените лица.

Но, спротивно од нив, во групата други лица кои бараат работа во август биле пријавени 42.595 граѓани, што значи дека нивниот број се намалил.

Со новиот пад на невработените граѓани, всушност се регистрирани најниските бројки на лица  кои се пријавиле за невработени во земјава во последниве години.

Бројките покажуваат дека во септември имало најмалку граѓани кои бараат работа во текот на целата година. Ако се погледнат податоците од почетокот на годината ќе се види дека има раст и намалување на бројот на граѓани кои се пријавиле како невработени. Иако, годината тргна позитивно, со пад на невработеноста, сепак, во јуни дојде до неочекувано голем раст на бројот на лица кои се невработени.

Како што може да се види во табелата, на почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март се спуштиле на 95 илјади невработени граѓани.

Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број бил 94 илјади граѓани кои се невработени. Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 20.076сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.912невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.692 невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде таа бројка достигнува 6.748 лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле  5.493 граѓани.

Во Струмица има 4.583 невработени лица, додека пак во Битола брои 3.394 невработени, а потоа следува Велес со 3.173 невработени. Останатите детали за бројот на невработени по гредови може да ги видите на следниов линк

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден