26 Декември, 2024
0.0454

ШТО ЈА ЧЕКА СИРИЈА ПО ПАДОТ НА АСАД, ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ БЕГАЛЦИТЕ ДОМА? Русија и Иран го изгубија клучниот сојузник во срцето на Блискиот Исток

Објавено во: Свет 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Сирискиот премиер Мохамед Гази Џалали изјави дека повеќето од неговите владини министри сè уште работат од канцелариите во Дамаск, откако бунтовниците изминатиот викенд навлегоа во сириската престолнина и го соборија претседателот Башар ал Асад. Во исто време, голем број бегалци се вратија во Сирија од соседните земји, надевајќи се на помирна иднина, откако Асад вчера побегна во Русија, каде што доби азил. Сепак, некои клучни владини служби се затворија бидејќи државните службеници ги игнорираа повиците да се вратат на работа, предизвикувајќи проблеми на аеродромите и границите и забавувајќи го протокот на хуманитарна помош. Никола Павловиќ подетално

Прославата на улиците на Дамск продолжува. Плакатите со ликот на Башар Ал Асад се кинат, статуите на него и неговиот татко паѓаат.

„Го чекавме овој ден со години, дававме отпор, издржавме и конечно падна режимот! Сирискиот народ сега е едно! Сирискиот народ е еден! Сирискиот народ е еден!“, вели Натали Хомсим, жителка на Алепо.

На бунтовниците им биле потребни десет дена од заземањето на Алепо до падот на Дамаск. Ослободувањето беше предводено од Хајат Тахрир ал-Шам - Организацијата за ослободување на Левантот, џихадистичка група која првично беше огранок на Ал Каеда. Ал-Шам е на листата на терористички организации, а нејзиниот водач Ал-Гулани се огради од Ал Каеда во 2016 година и во последните години се обидува да ја ребрендира организацијата и да ја оддалечи од екстремизмот. Заедно со бунтовниците од север под контрола на Турција, тие воено го држат ослободениот дел на Сирија.

„Оваа победа, браќа мои, е ново поглавје во историјата на целата исламска нација. Тоа е пресвртница за регионот. Колку опасности избегнавме? Асад ја предаде Сирија на амбициите на Иран, ширејќи секташизам и корупција низ целата земја“, изјави Абу Мохамед ал Голани, лидерот на Тахир ал-Шам.

Иако се зборуваше дека нема да бидат нападнати амбасадите, при влегувањето во Дамаск беше нападната амбасадата на Иран. Бунтовниците се бореле против Хезболах, иранска милитантна група која дејствува во Сирија. Постојат повеќе бунтовнички фракции кои се борат за моќ и различни делови на Сирија. Така, на североисток и на границата со Турција, курдските сили држат поголем дел од територијата, додека во делови од северната граница активни се турската армија и сириските бунтовници поддржани од Турција. Исламската држава ИСИС сè уште држи одредени енклави на исток, додека американската воена база Ал-Танф е на југ. На југозапад кон границата со Израел, тенкови се распоредени во тампон зоната што ја надгледуваат Обединетите нации. Израел денеска изврши напади врз 10 магацини за оружје и воени објекти во региони под контрола на групите кои го соборија режимот на Асад. Израелската армија соопшти дека тоа е одбранбена мерка во светло на неодамнешните настани. Колапсот на режимот на Асад е значаен момент за Блискиот Исток, нанесувајќи им удар на Русија и Иран, кои го изгубија клучниот сојузник во срцето на регионот. Ова создава уште поголема неизвесност за тековната војна во Газа. Израел ќе го прослави падот на Асад, еден од клучните регионални сојузници на Иран.

„Ова е историски ден во историјата на Блискиот Исток. Режимот на Асад е централната алка во иранската оска на злото. Неговиот режим падна. Ова е директна последица на ударите што ги нанесовме на Иран и Хезболах, главните поддржувачи на режимот на Асад. Тоа создава верижна реакција на целиот Блиски Исток“, рече Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Во март 2011 година избувнаа продемократски демонстрации во јужниот град Дери. Тие следеа низа други протести во околните земји, кои колективно беа наречени Арапска пролет. Сириската влада употреби репресивни мерки за да го потисне бунтот, по што избија протести низ целата земја со барање за смена на претседателот. Башар Ал Асад дојде на власт во 2000 година, кога го замени својот татко Хафиз Ал Асад кој владееше со Сирија од 1971 година. Немирите што избувнаа пред 11 години го зајакнаа задушувањето на бунтот, што доведе до граѓанска војна. Иако во претходните 4 години беше релативно мирно, по потпишаното примирје со посредство на Турција и Русија, Сирија се врати на светската сцена. Падот на Асад го прославија бегалците низ Блискиот Исток и Европа.

„Сирискиот претседател Асад брутално и насилно го угнетува сопствениот народ повеќе од една деценија. Тој има десетици илјади животи на неговата совест. Тој принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Многу од нив при нивното бегство нашле засолниште во Германија. Нашите мисли денес се со сите жртви на режимот на Асад, брутално убиени, мачени и бегалци. Затоа крајот на владеењето на Асад засега е добра вест“, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Оваа вест ја прослави и Стив Џунди кој ја напушти Сирија пред 11 години. Таму беше професионален кошаркар и политички активист. По апсењето и затворската тортура во неговиот роден град Хомс, неговиот татко платил мито од 10.000 долари за ослободување, по што ја напуштил својата татковина.

„Би сакал да се вратам, но тоа нема да се случи одеднаш, да се вратам и да направам се да биде совршено. Потребно е време.

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Можеби ќе ве интересира

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Бебе почина од студ

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Бебе почина од студ