25 Април, 2025
0.0256

ШТО ЈА КРЕВА ДО НЕСТВАРНИ ВИСОЧИНИ АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА, ИМА ЛИ НЕШТО ШТО НЕ ЗНАЕМЕ - сè што имаме јавно кажуваме, велат од банката

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2024 14:19

Добивај вести на Viber

Што се случува со цената на акцијата на Комерцијална банка. Иако е факт дека цената на таа хартија од вредност и од порано постојано оди нагоре, и е убедливо најтргувана акција според берзанскиот промет, неминовен е впечатокот дека последниве два дена, односно завчера и вчера, акцијата на Комерцијална банка фантастично расте и се вивнува во нестварни височини.

Па така, ако во вторникот акцијата на Комерцијална банка затвори со цена која и онака е висока, односно 20.463 денари за акција, веќе во средата цената се искачи вртоглаво на 20.992 денари, а веќе вчера нов фантастичен скок, или една акција чинеше дури 21.935 денари.

Или, за да се направи подобра споредба, може само да се каже дека пред околу десетина дена, конкретно на 3-ти овој месец, една акција на Комерцијална банка се продаваше по цена од 18.159 денари, за оттогаш па наваму линијата на нејзиниот раст да стане речиси вертикална, и вчера да се доближи до 22 илјади денари.

Ако ги погледнеме количините, можеме да констатираме дека во вторникот и средата не беа истргувани некои огромни количини на акции. Или, во вторникот својот сопственик го сменија 245 акции, а завчера тоа беа 360 акции.

Но, затоа вчера се истргува на редовниот пазар многу позначајна количина на акции, или дури 840 вакви хартии од вредност.

Ако цената во вторникот била 20.463 денари, а се продале 245 акции, значи дека прометот во вторникот бил близу 82 илјади евра, додека, пак, завчера тој изнесуваше над 128 илјади евра.

Додека, пак, вчера истргуваната количина од 840 акции, согласно цената од 21.935 денари, значи дека само вчера со акциите на Комерцијална банка се свртел промет од безмалку 300 илјади евра. Само за еден ден!

Значи, инвеститорите вложуваат прилично „запалено“ во акциите на Комерцијална банка.

Точно е дека банката е екстра профитабилна, најголема банка во земјава, точно е дека дели одлични дивиденди, како и дека има доста разновидна и недефинирана сопственичка структура, што секогаш е мотив повеќе кај вложувачите, но сепак, се интересиравме кај наши извори во банката, дали има нешто што пошироката јавност можеби не го знае, некоја можна зделка или друг тригер, кој направи инвеститорите буквално да „полудат“ по акции на Комерцијална банка.

Наши извори во банката велат дека нема некоја сериозна информација која би можела да го предизвика овој раст на цената.

„Се што имаме како новина, транспарентно го објавуваме на Берзата“, велат за Фактор извори од Комерцијална банка.

А, факт е дека Комерцијална банка известува за сите новини, од кои последните беа дека е продолжен мандатот на членовите на Управниот одбор на банката, односно на Илија Илоски, за период од четири и пол години и на Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски за период од шест години.

Имаше промени и во Надзорниот одбор на нашата најголема банкарска институција. Комерцијална банка ја извести инвеститорската јавност преку берзата за ценовно чувствителна информација, односно за новини и именувања во нивниот Надзорен одбор. Александра Максимовска Стојкова е избрана за претседател, а Ванчо Чифлиганец за заменик претседател на Надзорниот одбор. Само неколку дена претходно, Комерцијална банка извести за важна ценовно чувствителна информација која се однесува на нивното работење, дека Народна банка на Македонија издала согласност за нивните членови на Надзорниот одбор, кои во следните четири години ќе ја вршат таа функција, односно издала согласност на Александра Максимовска Стојкова, Ванчо Чифлиганец, Горан Антевски, Сашо Наумоски, Фатмир Етеми, Ивана Милковска Симева и Петар Теговски со мандат од 4 години, именувани со Одлука на Собрание на Банката одржано на 27 март оваа година.

Менаџерите и членовите на УО и НО постојано купуваат акции од банката и тоа транспарентно го објавуваат.

На крајот на април годинава, пак, Комерцијална банка објави дека намерите се навеистина сериозни, стартува процедурата за евентуално присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. 

Како што и најавија, од Комерцијална банка ја почнаа постапката за длабинска анализа, од која ќе стане навистина јасно дали ќе се оствари присоединувањето кон нив на Стопанска банка Битола. По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка АД Скопје ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена“, се вели во објавата која преку берзата ја сподели со инвеститорската јавност Комерцијална банка. 

Фактор вчера се интересираше дали на оваа постапка се работи, а наши извори од банката велат дека тоа е процес кој тече и кој не може да заврши преку ноќ, а намерите на двете банки се навистина сериозни.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАБРИКА ЗА ТЕСТЕНИНИ И ТАЕН НАСЛЕДНИК: Што се случи со 200.000 евра на папата Франциск?

ФАБРИКА ЗА ТЕСТЕНИНИ И ТАЕН НАСЛЕДНИК: Што се случи со 200.000 евра на папата Франциск?

ОВДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЗАРАБОТУВА: Дури 50 евра на час

ОВДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЗАРАБОТУВА: Дури 50 евра на час

ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи