18 Декември, 2025
0.0571

ШТО ЌЕ ДОГОВОРАТ: Трамп со претставници на Конгресот ќе го договара финансирањето на федералната влада

Објавено во: Финансии 28 Септември, 2025 09:53

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп планира утре во Белата куќа да се сретне со четворицата високи претставници на Конгресот, еден ден пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада.

Тој ќе разговара со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, како и со лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.

Демократите, главно во Сенатот, одбија да гласаат за да се донесе мерка за финансирање што ќе им овозможи на федералната влада и на нејзините подредени агенции да продолжат со работа. Во спротивно на полноќ во среда ќе настапи привремено запирање на нивната работа.

Демократите веруваат дека имаат влијание и бараат клучни здравствени одредби во замена за нивните гласови, забележуваат агенциите. Тие сакаат да ги прошират субвенциите што им помагаат на луѓето со ниски и средни приходи да имаат здравствено осигурување според Законот за достапна заштита. Демократите, исто така, се залагаат за укинување на скратувањата во програмата Медикејд, кои беа вклучени во главниот буџет на републиканците. Републиканците велат дека тие барања се неприфатливи и се подготвени да разговараат за нив со демократите одделно од дискусиите за финансирање на владата. Републиканската партија бара седумнеделно продолжување на сегашното финансирање.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра