ШТО ЌЕ СЕ ЈАДЕ ВО МВР ЗА 280 ИЛЈАДИ ЕВРА: Пет фирми во следните две години ќе носат храна во Скопје, Крани, Пониква и Охрид
Објавено во: Финансии 05 Август, 2025 08:10
Министерството за внатрешни работи потпиша рамковни спогодби од речиси 280 илјади евра со пет фирми, а за храна која за во бифе на МВР Скопје, одмаралиштата на МВР во Крани, Пониква и Охрид и по потреба Крушево и Струмица.
Со друштвото за консалтинг, „Фиуна Компани“ од Скопје, Министерството за внатрешни работи потпиша спогодба во вредност од речиси 28 илјади евра за набавка на леб и бели пецива.
МВР ќе набавува јајца од гевгелиската фирма „Ветеринар“, а за оваа набавка, потпишана е рамковна спогодба речиси 40 илјади евра. Млеко и млечни поризводи пак, ќе се набавуваат од фирмата „Ѓоргиеви“ од Конче, за 131 илјада евра.

Останатата сума, односно нешто над 80 илјади евра, за набавка на кондиторски производи (слатки) и конзервиран и замрзнат зеленчук, оди во рацете на Даути Комерц.
Со одлуката да се направи рамковна спогодба наместо договор, Министерството за внатрешни работи остава простор сумата да не биде до крај искористена, односно да не се случи целосно набавката која била планирана. Во секоја од спогодбите стои дека набавките треба да се направат во период од две години.
Александар Тодески
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




