Што ќе соопштат СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2017 17:23
Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети имаа средба на „Бихаќчка“ која заврши без официјални изјави, но од двете партии најавија дека наскоро ќе има соопштение за јавност без притоа да откријат повеќе детали за што се разговарало.
Секако, оваа средба дојде како големо изненадување бидејќи по сите очекувања требаше оваа недела да има интезивни преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но тие не вродија со полод бидејќи партиите се сопнаа најмногу околу продолжувањето на мандатот на СЈО и официјализирањето на албанскиот јазик што е неприфатливо за Груевски.
Засега има претпоставки дека Ахмети со оваа средба сака да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ дека за нив сите опции се отворени и во игра, но и да го „провери“ теренот за евентуална коалиција со СДСМ и какви последици би имало тоа за актуелната политичка криза.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




