17 Декември, 2025
0.0750

Што можат да купат граѓаните со 2.000 денари повисок минималец?

Објавено во: Економија 18 Март, 2023 07:59

Добивај вести на Viber

За нешто повеќе од 2.000 денари се зголемува минималната плата од март. Таа ќе изнесува 20.175 денари. Граѓаните велат дека е добро што платите ќе се зголемат, но ова покачување нема да промени многу во нивното секојдневие.  Сметаат дека за достоинствен живот платите и натаму треба да растат. Со 2.000 денари плус помладите велат дека би си купиле некое парче гардероба, а оние кои имаат деца за издржување, приоритет им се сметките и храната.

„И за 4.000 денари да се зголемат платите, пак е малку. Со 2.000 денари, самец ќе може да живее 4 дена, но не може повеќе“, вели Златка Георгиевска, граѓанка.

Друга жена вели дека со покачувањето од 2.000 денари, граѓаните можат да набават повеќе намирници од претходно, но семејниот буџет повторно ќе биде тенок.

„Живеам сама, сметката за струја ми е 1.800 денари, така што со тие пари можам да си платам една сметка. Треба уште да се покачуваат платите“, додава Вера Петрушевска, граѓанка.

Рубинчо Аризанкоски, Програмски координатор и администратор во Здружение Достоинствен Работник Прилеп вели дека граѓаните нема да почувствуваат некоја голема разлика, затоа што имаме големо покачување на цените на производите и услугите.

Зголемувањето на минималецот од 2.000 денари нема да промени многу, затоа што неоправданото зголемување на цените плус повеќе ги осиромашува граѓаните и работниците. Профитите на алчните газди во целост ја подгреваат инфлацијата, а не пак да им ги зголемат платите на работниците со кои едвај го преживуваат тековниот месец. Почитувањето на законската обврска и регулатива од страна на работодавачите мора да биде во целост, а не делумно. Според статистиката вредноста на минималната кошница за месец февруари изнесува 51.000 денари за четиричлено семејство, а од друга страна зголемуваме минималец за 2.000 денари кој не допира до вредноста на цените од секојдневниот живот на граѓаните. Се бориме за да преживееме“, вели Аризанкоски.

Oд Министерството за труд и социјална политика информираа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Додаваат дека со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата. Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50 отсто од порастот на  трошоците за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата од измината година.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?