Што му одговори Мицкоски на Вес Мичел?
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 15:43
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во писмо до помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, го отфрла неговото барање партијата да го поддржи Договорот од Преспа.
Тој образложува дека процесот на преговори со Грција бил воден авантуристички и нетранспарентно, дека референдумското прашање било двосмислено и оти референдумот не бил успешен.
„Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ“- стои во писмото на Мицкоски.
Тој во писмото наведува дека не верува дека Договорот ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот.
Мицкоски изразува надеж дека Македонија многу скоро ќе биде дел од НАТО и ЕУ, но како што вели, горда и достоинствена.
Вчера помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, но и од него лично.
Мичел наведе дека Договорот од Преспа е историска можност.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




