Што на работа е поважно од парите?
Објавено во: Финансии 26 Април, 2016
Кога некој ќе ви спомне добра работа, на што прво ви текнува?На плата, на бонуси?
Точно е дека парите мотивираат, но кога е во прашање работа или давање на отказ сепак парите не се пресудни. Мотивација е она што не тера да ги оствариме своите лични и организациони цели. Се претпоставува дека предизвици, интересна работа, потешкотии, голема одговорност се внатрешни фактори за мотивација, а дополнително луѓето имаат потреба за докажување и напредок.
Работници без мотивација се откажуваат лесно и не се лојални на фирмата. Нив им треба награда за вложениот труд. Но, ако во една компанија еден човек добива голема плата, а не работи, тоа ги демотивира другите работници. За да се постигне успех треба да се применуваат различни начини и стратегии за мотивирање на работниците.