Што побара Орбан од Вучиќ?
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2023
Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од српскиот претседател Александар Вучиќ да ги врати во нивната земја косовските полицајци кои неодамна српските власти ги уапсија во централна Србија.
Орбан денеска изјави дека го моли српскиот претседател да ја послуша препораката на Будимпешта и да ги врати уапсените косовски полицајци во нивната земја.
„Со почит те замолувам, драг Александар, добро да размислиш за тоа. Непријателите на Србија се желни да ѝ нанесат штета на Србија и ова е таква ситуација и случај што мислам дека би било добро да ја послушаш препораката на Унгарија да ги вратиш на Косово“, изјави Орбан во Суботица на средбата со највисоките претставници на Србија.
Косовските полицајци се во притвор во Краљево. Тамошното обвинителство ги сомничи за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали. Како што соопштија властите во Белград, полицајците се уапсени на 14 јуни на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.
Косовските полицајци тврделе дека береле печурки во шума.
И албанскиот премиер Еди Рама се закани дека ако Србија не ги пушти уапсените полицајци, ќе ги залади односите со Србија.ЕУ вчера ги повика Вучиќ и Курти без предуслови да допатуваат на состанок во Брисел во четврток со цел да се сопрат тензиите и да се спречи непосакувана ескалација на состојбата. Возачи на камиони со српски регистарски таблички не дозволуваат камиони со косовски таблички да минуваат на премините Јариње и Мердаре во Косово. Велат дека блокадата е одговор на одлуката на Приштина да го блокира влезот на стоки од Србија во Косово.
фото Фејсбук/ Александар Вучиќ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.