Што побарал Чавков да се направи со собраниските снимки од „крвавиот четврток“?
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2018
Oбвинетите за помагање за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, Сашо Марковски и Олицер Радулов, по наредба на тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, ги зеле дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието.
Преку шефот на обезбедувањето во Собранието, Горан Ѓошевски, наредбата усно била пренесена до полицајката која ги имала клучевите од мониторинг-салата.
Таа вчера сведочеше и наведе дека поради авторитетот кој го имал Ѓошевски им ја отклучила салата на обвинетите Сашо Маркоски и Оливер Радулов од УБК. Маркоски и рекол дека преку видео надзорот прават проценки за евакуација. Двајцата се единствените кои одговараат за делото помагање. Кога адвокатите ја прашуваа зошто ја отклучила вратата и послушала наредба од колега кој не и директно надреден, одговори:
„Не беше ситуацијата таква да проверувам каква е наредбата, беа минути или секунди во прашање, како случајот со Села. Наредбата од Ѓошевски не беше кривично дело“ - изјави сведокот.
Обвинителството нема да го повика Никола Груевски како сведок оти на 27 април не бил во Македонија.
Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска цврсто стои на ставот дека не треба да се преквалификува кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во случајот со 27 април.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.