Што покажа истрагата за исчезнатиот малезиски авион?
Објавено во: Свет 13 Декември, 2017
Се уште не се знае со сигурност каде се наоѓа авионот Боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ којшто исчезна во 2014 година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.
Во исчезнатиот авион имаше 239 патника, а до сега е најдено само парче од
крилото исфрлено на брегот на островот Ла Реунион во близина на Мадагаскар.
Според информациите на летот, авионот имал необична рута.
Имено, тој свртел од запад спрема исток, подалеку од Кина која била неговата дестинација. Чудниот пат до сега никој не го објаснил.
Првично подводни истражувачи се фокусирале на подрачјето на Индискиот океан во близина на Австралија, кадешто прво се мислело дека авионот слетал под водата, иако после две години таа истрага е оставена затоа што не покажала успех. Никаква трага не е најдена, а семејствата на исчезнатите патници се уште бараат одговор за тоа што се случило.
Историчарот Норман Дејвс изјавил дека има можност авионот неколку часа да летал, а потоа да слета на Антарктикот со што би се закопал под слоевите мраз. Тоа е совршено место за криење.
Во некој од теориите се разговарало и за вонземјани, па дури и киднапирање.
Имено, технологијата на летот била измислена за да спречи терористички напади, со цел управување на авионот од копно. Затоа се појави и нова теорија во која се смета дека авионот е киднапиран од далеку.