05 Декември, 2025
0.0358

ШТО ПОРАЧА ММФ: Наместо идни задолжувања – буџетско штедење!

Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2014 07:59

Добивај вести на Viber

Секој иден притисок врз расходната страна, односно врз трошењата треба да биде проселеден со анализа, а јавните инвестиции да бидат посистематски. Македонија испорачува натпросечни стапки на економски раст во однос на економиите од регионот, но потребно е штедење. Ова се дел од оценките на шефицата на ММФ за Македонија, Ивана Владкова Холар, по завршување на контролната мисија на ММФ, четврта по ред. Штедење наместо трошење.... На завршницата од десетдневната контролна мисија на тимот на ММФ, претставничката за Македонија, Холар оцени дека сегашните нивоа на задолженост не се таргет, туку плафон.  Препорача консолидација на буџетската страна.
“На буџетската страна сметаме дека е потребна посебна консолидација. Во новата среднорочна фискална стратегија за периодот 2015-2017, се вклучени повисоки таргети на дефицитот отколку оние во претходната стратегија. Ова значи дека стабилизацијата на долгот ќе се случи подоцна и на повисоко ниво“, оцени Холар.
За разлика од претходно утврдените граници за движење на нивото на Јавниот долг до максимални 40% од БДП, со новата Фискална стратегија овие граници се поместуваат до максимални 60% од БДП. Според Владата, задолженоста и натаму ќе расте, но со умерено темпо а земјата ќе остане во зона на ниска задолженост.
“Движењето на јавниот долг, кој го вклучува државниот долг и гарантираниот долг, ќе се задржи во проектираните рамки, односно ќе има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува јавниот долг да не надмине ниво од 60% од БДП на среден и долг рок“, пишува во Фискалната стратегија.
Податоците покажуваат дека во 2017 та година долгот ќе достигне 50% од БДП. Еве како ќе се движи темпото на раст на долговите: 2015 та 45,6% ОД БДП 2016 та 48,2% ОД БДП 2017 та  50,0% ОД БДП Натамошниот раст на нивото на Јавниот долг, според ММФ треба да забави и да се обезбеди буџетско штедење. Шефицата на ММФ упати три препораки
“Прво ако приходите се остварат подобро од проектираното во буџетот тие треба да се заштедат за подобрување на фискалната рамнотежа наместо да се потрошат. Со поскоро и посилно усогласување ќе се гарантира достигнување на идните таргети на дефицитот и на долгот на властите. Ако потфрлат приходите треба да постои резервен план со којшто ќе се утврди редоследот во приоритетите во намалување на трошоците. Ова ќе помогне за заштита на фискалниот таргет и за заштита од неодржливи намалувања на расходите, на пример како оние за инвестиции и трасфери. Во периодот до воспоставување на планираното фискално правило важно ќе биде јавниот долг да се одржи на прифатливо ниво под планираниот праг од 60 проценти од БДП. Овој праг е всушност плафон а не таргет, што значи дека во нормални услови политиката треба да биде насочена кон одржување на долгот на прифатливо ниво под тоа ниво. Гледано од подолгорочна фискална перспектива, сметаме дека би било важно повторно да се реафирмираат приоритетите за трошње во однос на долгорочните  развојни цели на властите“, оцени Холар.
Дел од економистите сметаат дека препораките во делот на јавните финанасии се очекувани но и дека има показатели кои подеднакво се важни за стабилната економска клима.
“Факт е дека буџетските дефицити се се подлабоки. Задолжувањата кон странство се во пораст а растат и задолжувањата на домашното ниво. И здравството е заглавено во долгови. Од друга страна од ММФ слушаме дека македонската економија расте надпросечно во однос на регионот за кој јас би кажал дека има просек на раст од 1%, ние имаме две земји како Хрватска и Грција кои со години се во рецесија, така да самата основа за споредба е ниска. Инаку, изолирано, стапката на раст од два или три проценти според мене нема сериозно влијание врз вкупниот животен стандард“, оценува универзитетскиот професор Никола Поповски, еден од поранешните министри за финанасии.
И покрај нова дефиниција за Јавниот долг, во која се вклучени кредитите на Јавните претпријатија за кои има државна гаранција, ММФ препорачува проширување на опсегот.
„Препорачуваме Стратегијата за управување со јавен долг, да вклучи поширока дефиниција за долгот на јавниот сектор, вклучувајќи ги сите задолжувања на преппријатијата во државна сопственост. Во врска со ова го поздравуваме неодамнешниот чекор на властите за објавување податоци за нивото на долгот на јавниот сектор“, рече Холар.
Натпросечен економски раст Позитивна оценка за економскиот раст но и загплемениот извоз, препораки за идните задолжувања и буџетскиот дефицит упати шефицата на ММФ за Македонија, Ивана Владкова Холар. Ја повика Народната Банка да заврши со мерките за релаксирање на монетарната политика. Според неа земјава ќе испорача стапка на раст на БДП повисока од просекот во регионот.
“Порастот е над просекот во регионот,  проектиран да изнесува околу 3,5 проценти во 2014 година и незначително да се зајакне во следната година. Растот исто така е побалансиран - го одразува зголемениот извоз како и зголемената домашна побарувачка. Дефлацијата се очекува да биде привремена, водена од ниските цени на храната и генерално пониските цени во еврозоната, наместо слабата домашна побарувачка. Во овој контект сметаме дека треба да заврши релаксирањето на монетарната политика“, изјави шефицата на ММФ.
Според министерот за финансии Зоран Ставрески, растот на економија главно се должи на два столба, високите капитални инвестиции од буџетот и второ, странските директни инвестиции.
“Македонската економија во првите девет месеци од годинава оствари солиден, добар економски резултат, кој всушност покажува дека економските политики на земјата се здраво поставени и водени. Во 2014 година растот ќе биде меѓу 3,5 и 3,8 отсто, што е една од највисоките стапки, можеби и највисока во Европа. За следната година очекуваме растот да изнесува 4, можеби и над 4 отсто, доколку светската економија, особено европската, не навлезе во нови рецесиски движења“, изјави министерот Ставрески. “Монетарната политика продолжува внимателно да ги следи сите движења во македонската економија и соодветно ќе се приспособи во наредните години, се' со цел да се задржи рамнотежата во економијата и на тој начин да создадеме стабилни макроекономски услови за продолжување на економскиот раст во наредните години, кој би требало и би можел да се движи меѓу 4 и 5 отсто во наредните години“, изјави гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов.
По завршување на контролната мисија, се очекува конечната оценка на Бордот на директори на ММФ во која ќе бидат дадени забелешките и оценките поврзани со кондицијата на земјата навремено да ги отплаќа, особено, долговите кон странство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката