24 Јануари, 2025
0.0307

(ВИДЕО) Што претставува дрон и како работи?

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Phantom 2 Vision+ го надлета стадионот Партизан носејќи знаме со провокативна содржина. ФАКТОР ви открива за што служи дронот, како се контролира и кои видови постојат.

На натпреварот Србија - Албанија дрон над стадионот носеше знаме на таканаречена „Голема Албанија“, а со него е управувано од далечина, дронот е управуван по пат на далечински управувач.

Што е всушност дронот?

Нов вид на летало без пилот, со мали димензии и тежина до 10 килограми се нарекува дрон и во последно време се почесто имаме прилика да читаме за нив и да ги видиме кај нас. Иако првобитно се равивани за воени цели и далеку со поголеми димензии, дроновите денеска најмногу се користат во експеиментални, истражувачки и забавни цели и многу се мали. Опремени се со камери, со помош на кои се движат во просторот и „гледаат“ снимки од теренот кој го прелетуваат и како што можевме да видиме на споменатиот натпревар, можат да понесат одреден терет.

Дроновите, воглавно се со еднставна конструкција, не се премногу брзи и не можат да летаат високо. Управувањето се врши со далечински „конзоли“ со тастери или рачки за движење, а модерните дронови можат да се користат и со помош на мобилните телефони, преку апликации и базични врски. Автономијата на летот е од пола час до неколку часа.

Употребата на дроновите тек се открива па, да речеме, Фрјсбук планира да ги користи за подобро покривање на интернет во руралните средини. Амазон ќе ги користи за испорака на пратки на домашна адреса, а архитектите и градежниците ги користат за снимање на терен од воздух. Дроновите, исто така можат да се користат за истражување на непристапни природни системи, но и за многу други работи, како собирање на информации, шпијунажа, извидувања, снимање од оддалечени места или за надгледување.

Дроновите уште не се нешто што се продава во обичните продавници. Воглавно се изнајмуваат за потребите на снимање и фотографирање од воздух или се купуваат преку овластени дистрибутери, со претходна најава. Цените на дроновите се во пад, па сега веќе можат да се купат за 500 долари и помалку, во зависност од конструкцијата и квалитетот.

Ова е дронот кој го надлета стадионот Партизан!

Дронот, кој предизвика хаос на натпреварот Србија- Албанија е Phantom 2 Vision+ .

Phantom 2 Vision+ е дрон со камера која може да снима од воздух, а се контролира преку iPhona. Благодарение на конструкцијата дронот снима во три оски, со DJI унапредена оптика, која снима со широк агол и во Full HD запис со 30 fps. Брзината со која дронот лета е околу два километри на час, а се што снима може директно да биде прикажано на телефон. Видеото снимено со дрон може да се гледа на посебна  3D VR кацига, која се купува посебно.

Цената на овој дрон е околу 1400 долари и нам најблиску место каде можеме да ја купиме е Софија во соседна Бугарија или во главниот град на Романија. На испораката се чека, а пред купувањето мора да се контактира центарот за продажба.. Автономијата на летање на Phantom 2 Vision+ е околу еден час.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ