Што призна Албанија за бегалецот Груевски?
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 06:57
Екс премиерот Никола Груевски побегнал во Унгарија преку Албанија. Официјално си призна Албанија.
Според она што го соопштуваат официјално, ова се случило на 11 ноември, кога налогот за апсење не бил издаден од страна на македонските власти.
Податоците покажуваат дека Груевски ја преминал албанско-црногорската граница.
Претходно унгарската влада објави дека Груевски побарал засолниште во амбасада на Унгарија надвор од Македонија.
Скопје објави дека подготвува барање за екстрадиција на бегалецот кое ќе содржи 400 страници.
Документот се очекува да биде испратен до властите во Будимпешта во наредните денови.
Ова беше потврдено од владиниот портпарол.
Груевски избега во Унгарија. Тој мораше да ја отслужува својата двегодишна затворска казна во случајот "Тенк" - за купување на луксузниот Мерцедесза повеќе од 600.000 евра додека беше премиер.
Бугарските власти исто така потврдија дека Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за бугарско државјанство откако беше објавено дека поранешниот македонски премиер веројатно избегал во Унгарија со бугарски пасош.
Минатата година сите пасоши на поранешниот лидер беа земени од македонските институции , што значи дека веројатно користел лажни документи за да стигне до унгарскиот главен град.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




