26 Јули, 2024
0.0249

ШТО СЕ СЛУЧИ НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ? Еве ги заклучоците од неа

Објавено во: Економија 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Со меѓусебни обвинувања во чие време се трошеле повеќе народни пари и забелешки да не се крати од буџетите на одредени институции помина денешниот прв ден од расправата РЕБАЛАНСза Реблансот на буџетот на собраниската Комисија за финансирање и буџет. 

За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека според пратениците од опозицијата, ребалансот е за задоволување на коалициските договарања и не се работи за штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери со четирите нови министерства. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето рече дека со ребалансот се предлага најоптималното решение, имајќи ги во предвид затекнатите состојби, ресурсите со кои се располага и малиот простор за маневар и макроекономската состојба.

- Со ребалансот обезбедуваме средства за сите оние и за се она што било предвидено со закон, а немало планирани средства, односно средства за вработените, пензионерите, студентите, компаниите, како и за плаќање на обврските по основ на камати, заеми и слично. Се обидовме и направивме максимални заштеди од се она што немаше динамика на реализација и средствата што стоеја неискористени. Од се она што претставува несуштински расходи, успеавме да најдеме заштеди од 20 милијарди денари и да ги употребиме онаму каде што беа потребни, рече Димитриеска Кочоска.

Реагираа од Судскиот буџетски совет и од државното Јавно обвинителство укажувајќи дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи, како што посочија, тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Општата расправа за Ребалансот на буџетот трае најмногу три дена, а амандманската расправа шест дена. Поднесени се 58 амандмаи. На десеттиот ден Комисијата гласа за ребалансот во целост. 

Во Ребалансот на буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Расправата продолжува утре во 11 часот.


Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

ОД ИДНАТА ГОДИНА ВОВЕДУВААТ ДАНОК НА ПРАЗНИ НЕДВИЖНОСТИ - еве која балканска држава има вакви планови

ОД ИДНАТА ГОДИНА ВОВЕДУВААТ ДАНОК НА ПРАЗНИ НЕДВИЖНОСТИ - еве која балканска држава има вакви планови

Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!

Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА - се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА - се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра