Добивај вести на Viber
И со новата дефиниција на Јавниот Долг, Македонија останува ниско задолжена земја – смета минстерот за финанасии Зоран Ставрески. Заклучно со август беше измерено рекордно највисоко ниво на Јавен Долг од скоро 4 милијарди евра, или 46,8% од Бруто домашниот производ. Дел од експертската јавност посочи дека Макеоднија веќе треба сериозно да внимава во однос на идните задолжувања и кондицијата за навремено сервисирање на долговите.
Ќе има ли економијата кондиција да се раздолжува ...
Долговите се зголемени, но зад тоа стојат инвестиции и проекти. Со овој арагумент министерот за финанасии Зоран Ставрески го брани трендот на пораст на вкупната задолженост. Смета дека и со сегашното ниво на здолженост од 46,8% од БДП, Македонија останува во групата на ниско задолжени земји.
“Македонија и понатаму останува меѓу најниско задолжените земји во Европа. Долгот е аргументиран со проекти кои што стојат зад тие цифри, значи реализирани се бројни проекти кои што значат нови автопатишта нова пруга, реконструкција на болници и училишта, и се друго што се финансира со тие средства. А од друга страна задолженоста на Македонија и натаму останува меѓу најниските во Европа, што значи дека имаме соодветен капацитет за редовно навремено финансирање на обврските.“ - изјави министерот за финанасии Зоран Ставрески.
Најновите податоци на Минситерството за финансии, според новата дефиниција на Јавниот долг, покажаа дека долгот на државата, заедно со долговите на Јавните претријатија за кои има државна гаранција достигна 3,9 милијарди евра или 46,8% од БДП. Анализата на бројките покажува дека трендот на раст на Јавниот долг почнува уште во 2009 та година, кога тој од 1,5 милијарди евра во 2008 ма година се зголемува на 1,7 милијарди евра во 2009 та година. Од тогаш, долговите на Централната Влада и на Јавните претпријатија се во постојан пораст, по што заклучно со август, годинава тој да достигне 3,9 милијарди евра.
Во сегашните податоци за Јавниот долг не се вклучени долгови на НБРМ, дел од кредитите на МБПР и некои од кредитите на Јавните претпријатија за кои нема државна гаранција.
“Сметам дека сегашното ниво на задолженост е приближно на нивото што го имавме пред седум или осум години, што значи дека не е ништо исклучително. А од друга страна како и за секое задолжување, независно дали сме блиску и подалеку од горната граница треба да се внимава, треба добро да се анализира за што се земаат средства . Македонија има среднорочна Стратегија за задолжување односно за договарање на кредитни средства за реализација на проекти и согласно таа стратегија ние имаме проекции за проектите што ќе бидат вклучени и за нивото на долгот. “ - оцени минситерот Ставрески.
Дел од економиситите веќе оценија дека државата треба да забави со тепомото на задолжување.
“Факт е дека долгот на централната влада во последниве неколку години има тенденција на пораст, што одговара на реализираните дефицити во централниот буџет, кои е неопходно да се финансираат. Долгот на централната влада, со последното задолжување преку издадената еврообврзница, го надмина нивото од 40 отсто. Лично мислам дека 40 отсто долг на централната влада би требала да биде границата што не треба значително да се надмине. Во наредната година можно е намалување на ова ниво под 40 отсто заради претстојните отплати на доспеани долгови“- изјави во
интервју за “Фактор“ универзитетскиот професор Трајко Славевски .
Рекордно највисоко ниво и на надворешната задолженост..
Неодамнешните податоци на Народната Банка покажаа дека и Бруто надворешниот долг достигна рекорно ниво од 5,7 милијарди евра или 71,66% од БДП. Гувернерот Димитар Богов потврди дека задолженоста кон странство е во пораст но како резултат на зголемување на кредитите и задолжувањата на странските фирми што работат во Македонија.
“Во надворешниот долг има повеќе категории меѓу кои се и трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти. Голем дел од нашиот надворешен долг отпаѓа токму на овие две позиции – трговските кредити чие што зголемување покажува зголемени надворешно трговски односи што е секако позитивно и задолжувањето кај матичните компании во странство што се всушност странски директни инвестиции.“ – изјави гувернерот Богов и додаде:
“Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки, бидејќи две големи компоненти отпаѓаат на трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти кои се многу позитивни за нашата економија и всушност се странски директни инвестици. Во нашата анализа од седум индикатори кај пет Македонија е умерено задолжена земја, кај еден е ниско, а кај еден високо задолжена земја. Единствено по учеството на долгот во БДП Македонија во континуитет се вбројува во делот на високо задолжени земји уште од 2005 година.“
Според структуранта на должниците, најголем дел од долгот кон странство отпѓа на Владата и на Приватниот скетор, или 1,6 милијарди евра се надворешни долгови на Владата, потоа 1,9 милијарди евра се долгови на “Останати сектори, во кои спаѓа и приватниот сектор а 1,2 милијарди евра се обврски по основ на инвестиции. Народната Банка има бруто надворешен долг од 378 милиони евра.
Според економистите, веќе не е спорна само висината на долгот туку и долгорочната кондиција на економијата навреме да ги отплаќа кредитите што ќе доспеваат.
Во неодмана објавената “Фискална стратегија“, Владата посочува дека нивото на државниот долг до 2016 та година нема да надмине 37,6% а веќе во август годинава само по основ на државен долг е достигнато ниво од 39,6%.
“Врз основа на определбите за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок на среден и долг рок, одржливо ниво на ризик и ниско ниво на државен долг, како и реализацијата на планираните инфраструктурни инвестиции, движењето на државниот долг е планирано да се задржи во проектираните рамки, односно да има умерен раст кој нема да ја загрози оддржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува државниот долг да не надмине ниво од 37,6% од БДП на крајот од 2016 година.“ – пишува во Фискалната стратегија.
Преку измена на Уставот, Владата предлга ограничување на Јавниот долг на ниво од 60% од БДП, со образложение дека на таков начин ќе се обезбеди контролирано трошење на државните пари, брз ралика кој е на власт. Дел од експертската јавност пак оцени дека со измена на Уставот, Владата парви терен за нови,идни задолжувања со можност целосно да го искористи фискланиот простор за земање на кредити а притоа да аргументира дека тоа е во согласност со Уставот.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: