01 Ноември, 2024
0.0307

ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИЛО СО УЧЕНИКОТ ОД КОРЧАГИН - фејсбук врие, официјални информации нема - настанот е премногу силен за да се премолчува

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во јавноста и пред се на социјалната мрежа Фејсбук се разви широка дебата за самоубиството на ученикот од Корчагин, наводно откко ги зел оценките за завшената мината школска година. 

Таа информација ја објавија повеќе медиуми во земјава.

Ова следуваше откако веста ја објави професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова на социјалните мрежи. Според професорката, ученикот ги земал оценките и си пресудил.

-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата, се вели меѓу другото во објавата на Ристова.

Професорката во коментари под нејзината објава додава дека погребот се одржал денес и дека „точно кажал зошто се самоубил со времето на самубиството, непосредно по земање на свидителството“.

Но, на оваа информација најостро реагираше Советот за етика во медиумите на Македонија, за, како што велат, невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.

СЕММ ги потсети своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.

Објавата од СЕММ е единствената официјална реакција засега за овој настан. 

Од МВР засега нема потврда или демант на оваа информација, но и официјално правило на Полицијата е да не известува за самоубиства.

Нема објава ниту од училиштето, а ништо на таа тема не може да се најде ниту на нивната веб страница.

Во меѓувреме, во јавноста на големо се дебатира на други слични случаи низ училиштта, но и за тоа дека не треба да се потценува состојбата на депресија кај децата.

Можеби ќе ве интересира

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

МИЦКОСКИ ГО СЛЕДЕЛЕ СО ДРОНОВИ: „Го разузнавале претседателот на опозицијата“, премиерот најавува одговорност

МИЦКОСКИ ГО СЛЕДЕЛЕ СО ДРОНОВИ: „Го разузнавале претседателот на опозицијата“, премиерот најавува одговорност

НАЈБЛИСКИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЗОКИ ФАЦИ: Веста за неговата смрт ја шокираше Македонија

НАЈБЛИСКИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЗОКИ ФАЦИ: Веста за неговата смрт ја шокираше Македонија