18 Декември, 2025
0.1457

МЕДИУМИТЕ ЈАВИЈА ЗА САМОУБИСТВО НА УЧЕНИК ПОРАДИ ОЦЕНКИ - Советот за етика реагира жестко за невнимателното и неетичко известување

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2022 06:37

Добивај вести на Viber

Повеќе медиуми во земјава вчера објавија несекојдневна информација, дека гимназијалец од скопското средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ си го одзел животот откако си ги земал оценките после завршената година.

Тоа го објави професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова на социјалните мрежи. Според професорката, ученикот ги земал оценките и си пресудил.

-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата, се вели меѓу другото во објавата на Ристова.

Професорката во коментари под нејзината објава додава дека погребот се одржал денес и дека „точно кажал зошто се самоубил со времето на самубиството, непосредно по земање на свидителството“.

Но, на оваа информација најостро реагираше Советот за етика во медиумите на Македонија, за, како што велат, невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.

СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.

-Прво, строго правило е дека за самоубиства не се информира, оти стручњаците одамна ја имаат потенцирано опасноста и корелацијата меѓу информациите за самоубиствата и нивниот број, односно како тие објави влијаат врз луѓето кои се ранливи и се во опасност. Од нив, токму младите се најизложени на тој ризик.

Понатаму, доколку медиумите проценат дека се работи за исклучителен јавен интерес и дека информацијата мора да биде објавена оти отвора општествен проблем, тие во никој случај не смее да се повикуваат на неофицијални извори и/или да шпекулираат за можните причини.

Информацијата мора да биде не само сериозно проверена, туку така и обработена, со фокус на анализа на големата слика, а не на конкретниот случај и/или експликација на подробности.
Имајќи ја предвид сензитивноста на темата, во своите пишувања медиумите исто така мора да се вклучат и во процесот на едукација на јавноста и превенција, а никако не да газат по линијата на сензационализмот, се вели во реакцијата.

СЕММ покрај на експертските препораки за известување за самоубиства, потсетува и на членовите 7 и 8 од Кодексот на новинари кои налагаат новинарите да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери