ШТО ВЕЛИ ЗА ИДНИОТ ГУВЕРНЕР ЕДЕН ДРУГ ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ - Хајредини забележува на високата камата на еврообврзницата
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2025 12:53
Трајко Славески е партиско решение за гувернер на НБРМ, а исто и Ставрески, вели некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини, во поткастот Бизнис муабети кој се емитува на порталот Фактор. Според него, требаше да се продолжи мандатот на досегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска.
„Истиот Славески, а тоа нему сум му го кажал и директно на телевизија, кога беше министер за финансии, Македонија издаде еврообврзница со каматна стапка од 9,8 отсто. И јас сум кажал дека за тоа е рекордер во историјата на Македонија, министер за финансии да дозволи неговата држава да плаќа камата од 9,8 отсто на странски кредит. Зошто Македонија имаше потреба да плаќа толку висока камата... А всушност Груевски тогаш бил во цајтнот со ликвидноста на државата“, вели меѓу другото Хајредини.
Во поткастот Хајредини тврди и дека сите политичари одат на „бацирака“ кај моќните банкари. Хајредини Смета дека актуелната владејачка гарнитура на чело со Мицкоски има проблем да се бори со корупцијата која ја јаде македонската економија. Според Хајредини, милијарди се искрадени од Македонија изминативе 35 години. За британското партнерство, за 6-те милијарди евра, за унгарскиот кредит, македонската економија гледајте утре во Бизнис муабети на Фактор.мк.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




