24 Декември, 2024
0.1806

Што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“?

Објавено во: Економија 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Бидејќи натамошната примена на овој систем може да доведе до одредени негативни последици за правните, односно за одредени физички лица, во продолжение следат информации кои треба да се имаат предвид со цел избегнување на такви ситуации.

Во оваа насока, клучни се обврските кои следуваат за издавачите на фискални сметки, а кои се однесуваат на фискалните сметки кои се сторнираат и сторните сметки. Фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки издавачот на фискални сметки има обврска да ги пријави во Управата за јавни приходи. За сторнираните фискални сметки физичките лица немаат право на враќање на данокот и оттаму, Управата за јавни приходи мора да биде информирана за тоа кои фискални сметки се сторнирани. Пријавувањето на сметките се врши со скенирање на бар-кодот од фискалната и сторната сметка со примена на мобилна или десктоп апликација на Управата за јавни приходи за оваа намена.

Пријавувањето на сметките се врши до поднесување на даночна пријава за цели на данок на додадена вредност, односно даночниот обврзник кој е месечен даночен обврзник за цели на ДДВ, фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки ги поднесува до УЈП најдоцна во рок од 25 дена по истекот на месецот во кој сам го пресметува данокот, а тримесечните даночни обврзници најдоцна во рокот од 25 дена по истекот на тримесечјето за кое се доставува даночната пријава.

Со оглед на фактот дека Проектот „Мој ДДВ“ стартуваше на почетокот на месец јули оваа година, месечните даночни обврзници фискалните сметки кои се сторнираат и сторните сметки треба да ги достават до УЈП не подоцна од 25 август оваа година.

За непријавувањето на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка до Управата за јавни приходи предвидени се прекршочни санкции и тоа глоба во износ од 250 до 1.000 евра во денарска противвредност за издавачот на фискалната сметка, како и глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за истиот прекршок.

Она што е значајно да го знаат правните лица и истото соодветно да го пренесат на вработени во нивните компании (со цел да ги заштитат од понатамошни непријатности) е дека поврат на ДДВ не се прави за фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност. Истото значи, дека доколку се набави одредена стока, односно услуга за цели на правно лице и за истата се добие фискална сметка таа фискална сметка не смее да биде скенирана и за неа да се бара поврат. 

Имено, ако лица вработени во одредена фирма или независно кое било  физичко лице скенира ваков вид на сметки кои се издадени за извршен промет кон правно лице, односно кои се издадени за купување стока, односно услуга наменета за правно лице и за истите бара поврат на ДДВ, физичкото лице кое ја скенирало (пријавило) фискалната сметка во системот „Мој ДДВ“ може прекршочно да одговара со глоба во износ од 250 евра. Оттаму, физичките лица навремено и соодветно треба да бидат информирани, за да избегнат понатамошни непријатности.

Исто така, глоба во износ од 250 евра е предвидена за физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга. Во Законот е предвидено казна доколку се пријават фискални сметки заедно со сметките кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго). Иако за најголем дел од сметките за струја вода, парно,  телефонски и интернет услуги, фирмите не издаваат фискални сметки, сепак доколку граѓаните добијат фискална сметка при плаќање во готово за ваков вид на услуга, истата не е предмет на поврат на ДДВ. 

Доследното спроведување на Проектот „Мој ДДВ“ може да придонесе за зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, намалување на даночната евазија, како и справување со нелојалната конкуренција, што всушност е очекување на бизнис секторот.

м-р Анета Димовска

Можеби ќе ве интересира

КАТАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ГАСОТ: Ако изгубам 5 отсто од мојот генериран приход со одење во Европа, нема да одам

КАТАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ГАСОТ: Ако изгубам 5 отсто од мојот генериран приход со одење во Европа, нема да одам

ДОБРИ ПЛАТИ И СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Кипар бара работници

ДОБРИ ПЛАТИ И СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Кипар бара работници

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 милиони евра

ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 милиони евра

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“