16 Декември, 2025
0.0562

(ВИДЕО) Штрајкови и ден на жалост заради рударската несреќа во Турција

Објавено во: Балкан 15 Мај, 2014 11:29

Добивај вести на Viber

Во Турција денеска е прогласен ден на жалост заради рударската несреќа во Сома, во која животот, според последните податоци, го загубија над 280 рудари. Уште 120 рудари и натаму не се извлечени од рудникот, но надежите дека преживеале од момент во момент се намалуваат. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вчера беше пречекан од огромно незадоволство од граѓаните при посетата на местото на несреќата. Семејствата и блиските на загинатите рудари удирале по неговиот автомобил со барање тој да понесе одговорност за една од најголемите рударски катастрофи во Турција. http://www.youtube.com/watch?v=WTy3SOZrElI „Вакви рударски несреќи не се случуваат само во Турција. Тие се случуваат и во многу други земји како Соединетите Држави, Кина, Франција, Белгија. Нашата земја не е во подобра позиција“, се правдаше Ердоган кој прогласи тридневна жалост во земјата. Но незадоволството продолжува и денеска. Синдикатите повикаа на штрајк. Тие апелираа до сите граѓани да ги прекинат работните обврски, да се облечат во црно и да излезат на протест пред ресорното министерство, со барање за подобрување на условите за работа и безбедноста во рудниците. Спасувачките екипи успеаја да спасат околу 450 рудари од рудникот Сома, кој беше затрупан откако во него се случи експлозија предизвикана од дефект на трафостаница.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата