17 Декември, 2025
0.0619

Шулц: Грција ќе работи на договор со партнерите од ЕУ

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2015 18:39

Добивај вести на Viber

Грција ќе се обиде да „ најде заеднички јазик“ со партнерите од Европската унија по прашањето на своите проблеми за отплата на долгот на меѓународните кредитори, изјавил претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц после состанокот со новиот премиер на Грција Алексис Ципрас.
„Присутни се одредени стравувања дека Ципрас ќе тргне по свој пат, но и самиот призна денеска дека тоа нема да се случи“, рекол Шулц на заедничката конференција за медиумите со Ципрас во Атина.
Ова е прва посета на некој претставник од Европската унија од кога Грција во вторникот ја доби новата влада.
Со Шулц кој бил и првиот претставник од Брисел кој на Ципрас му ја честитал победата, во Атина дошол и претседателот на групата министри за финансии во еврозоната Јерун Дејслблум.
Левичарската влада на Ципрас го започна својот мандат со тоа што ја запрела приватизацијата на најголемото грчко пристаниште Пиреј и најавила укинување на одредени мерки за штедење, на кои е обврзана во согласност со договорот за добивање на 240 милијарди евра странска помош, што наишло на критики од Германија и Кина.
Во очи на посетата на Шулц на Атина, денеска се огласи и претседателот на Европската комисија Жал Клод Јункер кој за францускиот „Фигаро“ рекол дека нема зборови за опростување на грчкиот долг.
Тој порачал дека договорите се можни, но дека суштински промени нема да има.
„Го почитуваме гласот на народот во Грција, но Грција исто така мора да ги почитува другите, јавното мислење и парламентарците од Европа“, наведува Јункер.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата