Шулц на Ципрас: Не критикувај ја Меркел
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2015 13:25
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го повика новиот грчки премиер Алексис Ципрас да престане да ја критикува германската канцеларка Ангела Меркел.
Тој истакнал дека антигерманската реторика претставува „кратковидна“ тактика.
Шулц во интервју за весникот „Velt am Zontag“ навел дека истиот совет на Ципрас, кој сака повторно да преговара за условите за помош кои меѓународните кредитори и ги одобриле на Грција, му го дал и минатата недела на состанокот во Атина.
„Недвосмислено само можам да му порачам вербално да се разоружа. Од тие напади нема никаква корист“, рекол Шулц, инаку Германец.
„На Ципрас му е даден совет да прекине со нападите на Ангела Меркел“, наведува Шулц, додавајќи дека на крај токму германската влада, помеѓу останатите ќе биде таа која ќе мора да му помогне.
Германски претставници повеќе пати откако на привремените парламентарни избори минатата недела на власт во Грција дошла радикалната ултралевичарска партија Сириза истакнале како очекуваат од официјална Атина да се држи до ветувањето дека ќе ги спроведе фискалните и економски реформи договорени во согласност со пакетот на помош. Добар дел од таа помош на Грција и го даде токму Германија.
„Можеби некои сакаат да слушаат критики упатени за Германија, но тоа е кратковидна тактика и не одиме напред така“; истакнал Шулц.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




