Добивај вести на Viber
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртиот квартал лани бележи раст од 4%, споредено со истиот период претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според Заводот за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, кај трупците од листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни и листопадни видови.
“Намалување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци“ се вели во соопштението од статистика