Швајцарците си излегоа на референдумите - еден прифатија, два отфрлија
Објавено во: Свет 23 Септември, 2018
Швајцарците денеска со голем интерес излегоа на трите референдуми за кои се гласаше денеска во земјата, иако не се носеа одлучи „што живот значат“.
Два референдуми се одбиени - односно 64 отсто од гласачите гласале против државна помош за производство на еколошки исправна домашна хран и 71 отсто го отфрлија вториот со кој требаше да им се помогне на поситните земјоделци со интеревенции.
Прифатен е со 72 отсто предлогот за подобрување на велосипедските патеки и поврзаната инфраструктура.