16 Декември, 2025
0.0712

Швајцарија ја наведна главата пред ЕУ – Хрватите ќе добијат работа!

Објавено во: Балкан 01 Мај, 2014 10:07

Добивај вести на Viber

Европската унија (ЕУ) се согласи да ги обнови преговорите со Швајцарија за учеството на земјата во научни и образовни програми, откако денес Берн објави дека ќе им обезбеди на работниците од Хрватска пристап до пазарот на трудот, покрај резулатите од неуспех во февруари на референдумот за имиграција, пренесе ДПА. Практично швајцарското општество се раздвои по прашањето за ограничување на имигрантите од ЕУ. Малку над половина од гласачите го одобрија враќањето на квотите за имигранти од западноевропските земји, а останатите се изјаснија против, бидејќи клучните сектори од швајцарската економија се потпираат на кадри од странство. Поради вратените квоти Европската комисија ( ЕК) одби да преговара со Швајцарија по договорите за слободно движење на луѓе, а потоа Брисел одлучи да ги прекине преговорите со земјата за нејзиното учество во програмите Horizon 2020, чија вредност е 80 милијарди евра, и Erasmus + во вредност од 14,7 милијарди евра за периодот 2014-2020 година. Замрзнати беа и преговорите за прекуграничниот енергетски договор меѓу ЕУ и алпската земја. Слободното движење на луѓе е еден од основните принципи на ЕУ и Швајцарија, иако не е земја- членка на Унијата, исто така ја почитува оваа обврска, појаснува Ројтерс . Хрватите мораа да имаат пристап до пазарот на трудот во Швајцарија од 1 јули 2013 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ. Поради референдумот сепак Берн објави дека нема да може да ги исполни обврските кон Загреб . Одделно швајцарската влада ги отстранува квотите за имигранти од земјите- членки на ЕУ од 2004 година и задржани се квотите исклучиво за Бугарите и Романците . Референдумското изјаснување предизвика сериозно негодување и кај економскиоте екпсерти кои тврдеа дека ваквата мерка ќе и донесе лошо само на Швајцарија. "Најголемиот ефект нема да биде заради самите квоти, туку за директните инвестиции, кои нема да дојдат во земјата, бидејќи компаниите ќе се плашат дека нема да можат да ги користат вработените кои ќе им бидат потребни и од кои ќе треба да се направи инвестицијата профитабилна" тврдеше уште во февруари вишиот економист во IHS Global Insight Тимо Клајн. Имиграцијата го стимулира економскиот раст и помага за исфрлање на националното производство пред кризата на ниво со околу 5%, пресмета Централната банка на Швајцарија во ноември. Финансиска институција предвидува дека во 2015 година економскиот раст на Швајцарија ќе биде 2%. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата