05 Декември, 2025
0.0576

ШВАЈЦАРСКИOT ЕПИДЕМИОЛОГ ЕГЕР ПОРАЧУВА: Рестриктивните мерки уште две или повеќе години

Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Мај, 2020 07:40

Добивај вести на Viber

За да се задржи ширењето на корона вирусот под контрола, луѓето ќе мора да живеат со рестриктивните мерки уште две или повеќе години, смета швајцарскиот епидемиолог, Матијас Егер.

Шефот на швајцарскиот кризен штаб за борба против корона вирусот за Neue züricher Zeitung am Sonntag изјави дека се надева дека вакцинацијата ќе почне за една година од сега, но предупреди дека има уште многу препреки.

-За сега малку го познаваме вирусот. Можно е да откриеме нешто што може да го закомплицира и успори развојот на делотворните и безбедните вакцини, вели Егер.

Тој предупреди дека луѓето и понатаму ќе мора да носат маски и да ги почитуваат мерките за хигиена, како и меѓусебната дистанца за да се контролира ширењето на вирусот.

На само една недела пред отворањето на основните училишта во Швајцарија, кое е предвидено за 11. мај, епидемиологот и професор Егер, им порача на родителите да не се грижат бидејќи не постојат прецизно документирани случаи во кои децата ги заразиле возрасните, а нема ниту еден случај на зараза меѓу самите деца.

-Во светот има повеќе од три милиони случаи на Ковид-19. Податоците укажуваат дека децата не играат голема улога во ширењето на вирусот, вели Егер, но тој сепак не ја отфрли можноста за зараза на децата, повикувајќи ги родителите сепак да бидат внимателни.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?