05 Декември, 2025
0.2955

Швајцарски шок за европските банки!

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2015 08:01

Добивај вести на Viber

Листата на европските банки, кои се погодени од изненадниот крај на минималниот девизен курс на швајцарскиот франк, станува долг. Во меѓувреме и швајцарската Credit Suisse, како и данската Saxo Bank предупредија дека нивните финансиски резултати може да настрадаат поради одлуката. Credit Suisse, втората по големина швајцарска банка, сигнализираше дека валутните флуктуации може да имаат огромна улога на нејзината добивка во зависност од контрамерките на менаџментот. Досега нестабилноста немала суштинско влијание врз капиталните квоти, изјавија од Цирих банка. Според Андреас Вендити, аналитичар во Vontobel Securities во Цирих, "резултатите од швајцарските банки ќе бидат значително пониски од досега очекуваното". Влијанието ќе зависи од тоа колку брзо фирмите ќе успеат да реагираат и колку детални ќе им бидат мерките. "Ништо уште не е поминато", предупредува тој. Со седиште во Копенхаген Saxo Bank изјави дека најверојатно ќе регистрира загуба, бидејќи некои клиенти немале доволно гаранции за да ги покријат загубите од трговијата со франци. Иако загубите ќе бидат вратени, Saxo Bank ќе е во можност да ги пречека своите капитални барања, се вели во соопштението. Во многу швајцарски банки трошоците се во франци и и се повисоки од приходите во странска валута. Julius Baer, третата по големина швајцарска банка, објасни дека нејзините менаџери ќе преземат разумни мерки за да ја задржат профитабилноста и покрај силниот франк. Банката не претрпела загуби во двата трговски дена по објавувањето на одлуката на централната банка. Најголемата швајцарска банка UBS Group засега не давала коментар за влијанието на валутни флуктуации. Citigroup, Deutsche Bank и Barclays според информирани извори загубиле вкупно 400 милиони долари поради одлуката на швајцарската централна банка. Во Велика Британија Комисијата за финансиски надзор им пишала на околу 90 брокери и побарала информации за можните последици од валутни флуктуации. IG Group објави дека очекува поради наглото зголемување на франци загуба од не повеќе од 30 милиони фунти, откако биле погодени неколку стотици клиенти. Британскиот монетарен брокер Alpari сепак може да биде затворен, откако не успеа да најде купувач, кој ќе ги преземе загубите. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката