05 Декември, 2025
0.0434

Шведскиот инвеститор не планира да ги продава своите акции во „Комерцијална банка“

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2015 09:18

Добивај вести на Viber

Претставник на „Ист капитал експлорер инвестментс“ на прашањето дали ќе предложат поделба на дивиденда вели дека со оглед на тоа дека акцијата е котирана тоа е доверлива информација; Најголемиот акционер на „Комерцијална банка“ не планира да ги  продава своите акции и е е задоволен што гледа дека напорната работа на менаџментот на банката резултираше со профит  на крајот на 2014 година, изјави за „Фактор.мк“  претставник на најголемиот акционер на „Комерцијална банка“, шведската инвестициска компанија „Ист капитал експлорер“. Лена Краус, раководител за односи со инвеститори и главен офицер за финансии (CFO and Head of IR) на шведската инвестициска компанија на прашања на „Фактор.мк“ во врска со тоа дали се задоволни од најновите финансиски податоци на „Комерцијална банка“ го изјави следново: - 2014 беше година на предизвик за „Комерцијална банка“, но ние сме среќни да видиме дека, како резултат на напорната работа на менаџментот, банката ја заврши годината со профит, пишува во одговорот на прашањата што ги постави „Фактор.мк“. Во одговорот на прашањата дали очекуваат дивиденда за работата на банката лани и дали доколку нема предлог за исплата тие како најголем акционер ќе предложат исплата на дивиденда Краус го даде следниов одговор: - Со оглед на тоа што акцијата на „Комерцијална банка“ се тргува јавно (н.з. на официјалниот берзански пазар) сите конверзации што се однесуваат на предлози за или против дивиденда се од доверлива природа. Шведската инвестициска компанија „Ист капитал експлорер“ управува со инвестицискиот фонд „Ист капитал експлорер инвестментс“ кој поседува 10 отсто од сите акции со право на глас во „Комерцијална банка“ и е најголем поединечен акционер. Во 2010 година овој инвестициски фонд стана најголем акционер во „Комерцијална банка“ при докапитализација на банката со 800 милиони денари или 13 милиони евра. Најголем број од новоиздадените акции купи “Ист капитал експлорер инвестментс”, која и дотогаш беше акционер во банката преку својот Балкан фонд. Најголемиот акционер плати по 3.500 денари за секоја новоиздадена акција со право на глас во негова сопственост. Втор по големина акционер во „Комерцијална банка“ е Европската банка за обнова и развој која , според официјалните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност, поседува 5,25 отсто од акциите. Според тие податоци „Комерцијална банка“ има вкупно 5.098 акционери од кои 4.927 се домашни правни и физички лица кои поседуваат  55,24 отсто од акциите, а странски се 171 правно и физичко лице кои поседуваат 44,76 отсто од акциите. Р.Ф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката