СИБИРСКИ БРАН НИ НОСИ 60 САНТИМЕТРИ СНЕГ! Попоски најавува и појава на мраз
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2025 06:30
Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, денес времето во нашата Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од нашата Македонија.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските и високите места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.
Апелирам доколку патувате низ планинските превои задолжително да понесете со себе зимска опрема и да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради појавата на мраз и обилните врнежи од снег“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




