СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост
Објавено во: Финансии 12 Мај, 2025 06:30
Експертите составија листа на најсигурни половни автомобили стари помеѓу 5 и 10 години.
Купувањето нов автомобил е огромен товар за семејниот буџет, па затоа половни автомобили се единствената можна опција за повеќето луѓе. Сепак, не сите половни возила на пазарот се подеднакво добри за купување, не само поради потенцијално вратената километража, туку и затоа што некои повеќе не се толку сигурни по само неколку години возење.
За да ги спасат купувачите од потенцијално лоша набавка, експертите составија листа на најсигурни половни автомобили стари помеѓу 5 и 10 години, со кои сопствениците немале ниту еден проблем за време на употребата во претходните 12 месеци. Кој производител е на самиот врв на листата, а кој на дното?
Топ 5 најсигурни автомобили
Самиот врв на рангирањето го зазедоа четирициклите произведени од Lexus, кои собраа вкупно 81 од 100 поени, додека второто место го освои Toyota, со 74 поени. Мазда ја освои „бронзената“ награда, додека Хонда е веднаш зад неа на листата на најдоверливи производители. Јапонската Acura ја затвори ТОП 5 од оваа оценка со многу солидни 55 од максимални 100 поени, пишува Mondo.
На листата на сигурни возила се најдоа и Buick, Volvo, Nissan, Subaru и Karillac, додека Mercedes-Benz не успеа да влезе во ТОП 10, заземајќи само 11-то место. Вториот најпопуларен „Герман“ се покажа како нешто помалку сигурен - BMW, кој успеа да собере само 45 од 100 поени. Ауди е на 14-то место, додека Тесла е веднаш подолу.
Lexus и Toyota имаат долга историја
Познавачите на автомобили веројатно воопшто не се изненадени од ова рангирање, со оглед на тоа што производители како Lexus и Toyota имаат долга историја на континуирано инвестирање во модернизација на своите модели, наместо постојано да воведуваат нови четирицикли со сомнителни перформанси и параметри што влијаат на сигурноста.
„Нашите податоци постојано покажуваат дека во текот на долг временски период, возилата од овие брендови се препознаваат како сигурни не само кога се нови, туку и по неколку години употреба“, рече Стивен Елек, автомобилски експерт во Consumer Reports, како што објави порталот Visual Capitalist.
Бизпортал.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





